Според мене, еве кои коли би требало да влезат во финалето:
1. BMW Series 3 (Лепотан и тоа од Цеца
, шала на страна страшно добра кола)
2. Hyundai i30/Kia `Ceed (нема шанси и двете да бидат финалисти, повеќе шанси и давам на И30, бидејќи сум сигурен дека Киа ќе биде претставувана од Оптима во финалето, too much би било коа би имало 2 Кии во финале)
3. Kia Optima (Киа како и увек ќе игра на карта најдобрто за парите, тука ги глеам шансите на оптимата, ама и визуелно оддава добра впечаток)
4. Mazda 6 (Уште кога ја видов на првите слики ми се допадна, а и не може финале на избор на кола на годината да помине без јапанац)
5. Mercedes A-Class (најверојатно најубавото возило во својата класа)
6. Peugeot 208 (најсимпатичното мало возило кое што се наоѓа на листата)
7. Volkswagen Golf (Зар може еден ваков избор да помине без Голф, сакале-нејќеле голфот си е икона)
8. Volvo V40 (многу интересна кола, да ти е кејф деца да праиш и да си ги шеташ со нејзе
)
9. Mitsubishi ASX/ Subaru XV/ Hyundai Santa Fe/ Opel Mokka (Со оглед на тоа што ваквиот тип на возила во последно време се многу популарни, нема да е никакво изненадување некој од овие да се најде во финале)
10. Toyota GT86 - Subaru BRZ (Ја ставив во листава бидејќи мене лично ми е многу интересна кола, но мислам дека нема теортески шанси за влез во финалето бидејќи е автомобил со изразени спортски карактеристики)