Автор Тема: Subaru WRX STI Convertible  (Прочитано 3700 пати)

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Subaru WRX STI Convertible
« на: 05 Април 2011, 11:16:11 am »
Еден сосема нова изведба на познатиот спортист на Subaru - WRX STI...
 
Локалниот дилер на автомобили од марката Subaru, во местото Манчестер во американската држава Њу Хемпшир, изложил автомобил кој не постои во редовната понуда на на јапонскиот произведувач – Subaru, WRX STI Convertible. Автомобилот, чија цена изнесува 74.999 долари, вакак како што изгледа, веројатно привлекува внимание повеќе од домашно видео на Париз Хилтон.

Сопственикот на продажниот центар на Manchester Subaru нарачал Subaru Impreza WRX STi во кабриолет верзија од компанијата Newport Speciality Cars, и со тоа ја остварил својата желба за отворен седан со одлични перформанси.



Интересно е што ќе бидат направени само пет примероци од овој необичен автомобил. Колку овие радикални измени влијаеле на возните особини на Impreza WRX STi, тоа не е толку важно, имајќи го во предвид фактот дека ова е примерок кој на своите сопственици ќе им понуди поголем степен на индивидуалност од некои суперспортски автомобили (Ferrari, Porsche, Lamborghini).





Цената на моделот Subaru WRX STi Convertible изнесува 74.999 долари, што е за 41.004 долари поскапо од основниот модел Impreza WRX STi.
« Последно менување: 05 Април 2011, 11:40:14 am Schmitt »
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Subaru WRX STI Convertible
« Одговори #1 на: 05 Април 2011, 14:40:43 pm »
Богохулие. Никогаш, никогаш, никогаш не би му го направил ова на едно STI.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Subaru WRX STI Convertible
« Одговори #2 на: 05 Април 2011, 16:37:22 pm »
Богохулие. Никогаш, никогаш, никогаш не би му го направил ова на едно STI.
Кога ќе дојде хибридниот лансер кабрио ќе се смееш ти! ;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Subaru WRX STI Convertible
« Одговори #3 на: 05 Април 2011, 20:07:10 pm »
Личи на стар Ескорт... Неколку пати стумбан, па останал без кров...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Subaru WRX STI Convertible
« Одговори #4 на: 05 Април 2011, 20:51:01 pm »
Богохулие.  
Најдобро кажано !

Кретенска тјунерска куќа што од тркачка кола направила вакво одвратно нешто !!!

Жалосно :(
« Последно менување: 05 Април 2011, 20:53:15 pm ace-106 »

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Subaru WRX STI Convertible
« Одговори #5 на: 05 Април 2011, 22:33:40 pm »
Боже господе каков дегенеризам !

Отсутен Glock22

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Subaru WRX STI Convertible
« Одговори #6 на: 05 Април 2011, 23:32:55 pm »
Ova e veke umetnos