Еден сосема нова изведба на познатиот спортист на Subaru - WRX STI...
Локалниот дилер на автомобили од марката Subaru, во местото Манчестер во американската држава Њу Хемпшир, изложил автомобил кој не постои во редовната понуда на на јапонскиот произведувач – Subaru, WRX STI Convertible. Автомобилот, чија цена изнесува 74.999 долари, вакак како што изгледа, веројатно привлекува внимание повеќе од домашно видео на Париз Хилтон.
Сопственикот на продажниот центар на Manchester Subaru нарачал Subaru Impreza WRX STi во кабриолет верзија од компанијата Newport Speciality Cars, и со тоа ја остварил својата желба за отворен седан со одлични перформанси.
Интересно е што ќе бидат направени само пет примероци од овој необичен автомобил. Колку овие радикални измени влијаеле на возните особини на Impreza WRX STi, тоа не е толку важно, имајќи го во предвид фактот дека ова е примерок кој на своите сопственици ќе им понуди поголем степен на индивидуалност од некои суперспортски автомобили (Ferrari, Porsche, Lamborghini).
Цената на моделот Subaru WRX STi Convertible изнесува 74.999 долари, што е за 41.004 долари поскапо од основниот модел Impreza WRX STi.