Автор Тема: Дизел на Метан  (Прочитано 20418 пати)

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Дизел на Метан
« на: 24 Септември 2012, 01:13:58 am »
Епа дојде времето да го претставиме истото возило но сега наместо плин како дополнително гориво користи Метан (CNG).
Дополнително беше вградено само боца за метан, челична цевка со полначка и испарувач, преостанатите делови беа веќе поставени од уредот за плин.
Подетално окулу монтажата ќе може да се види од слики, кои ќе бидат закачени од страна на колегите од Плимонт.
Околу потрошувачката успеавме да постигнеме 25% заштеда на извозени 100км (со цена на Дизел 73,5ден и Метан 62ден), но сепак треба да се извршат уште некулку мерења па да се направат некој споредби.

Извозена релација Скопје(Макпетрол индустриска) - Штип - Скопје (Макпетрол индустриска) 185км
Само Дизел потрошени 19л (1396,5ден) / на 100км 10,27л (754,8ден)
Дизел+Метан
1-во возење Дизел 11,8л (867,3ден) Метан 3,87кг (239,9ден) / на 100км - Дизел 6,37л (468,8ден) Метан 2,1кг (130,2ден) Просечна брзина по борд 91км/х
2-ро возење Дизел 10,7л (786,4ден) Метан 6,4кг (396,8ден) /100км  - Дизел 5,7л (425ден) Метан 3,4кг (210,8ден) Просечна брзина по борд 97км/х, овој сетап малце повќе метан троши ама возилото многу добро се однесува

Извозена релација на обиколница од Метанска станица Влае по обиколница и пак до метанска станица Влае 159км со константна брзина од 120км/х (целата релација по борд беше 101км/х)
Само дизел 14,1л (1036,4ден) на 100 км 8,8л (646,8)
Дизел+Метан 7,29л (536ден) Метан 4,62кг (286,5ден)/ на 100км Дизел 4,58л Метан 2,9кг или заедно

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #1 на: 24 Септември 2012, 08:41:40 am »
За што мотор се работи? Според потрошувачката треба да е голем...

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #2 на: 24 Септември 2012, 09:26:21 am »
Моторт е 2,5 литарски турбо дизел комон раил. Mitsubishi L200 2.5 D-ID PickUp

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #3 на: 24 Септември 2012, 11:45:15 am »
Четирицилиндарски дизел...2500 кубика ...глупости...

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #4 на: 24 Септември 2012, 16:56:36 pm »
По најавата за скоро започнување со работа на метански пумпи во склоп на компанијата Макпетрол, започнавме да ја разработуваме идејата за вградување на гасен уред и во дизел возила . Потенцијално најчести корисници на ова гориво се очекува да бидат токму дизел возилата со мотори со поголема литража.
За првото поставување на уред на дизел мотор употребивме плински уред. Плинот –ТНГ,  е гориво со кое  работиме долги години и ни беше најпрактично првите тестови на функционирањето на дизел мотор со поставен гасен уред да се направат со плински уред.
Возилото функционираше сосем добро, плинскиот уред работеше во рамките на спецификацијата на производителот. Сепак, вистинскиот предизвик беше поставување на метански уред.
Откако и метанот како гориво стана достапен за користење, следниот чекор беше конверзија на метански –ЦНГ погон. И овој случај го искористивме да го продолжиме дружењето со нашите млади  пријатели –апсолвенти на Машински Факултет-Скопје. Поставувањето на опремата за метански погон, и самата калибрација на уредот се заврши брзо и успешно. Првичните мерења покажуваат подобра економичност во однос на возење на дизел , или на комбинцвија дизел и плин
Треба да се нагласи дека моторот  употребува и дизел и метан, што значи дека исплатливоста на вградување на гасен уред на дизел мотор реално ќе дојде до израз кај возила со поголема кубикажа и кои поминуваат голема километража. Во пракса тоа се товарните возила.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #5 на: 24 Септември 2012, 17:15:39 pm »



Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #6 на: 24 Септември 2012, 17:16:44 pm »



Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #7 на: 24 Септември 2012, 17:23:15 pm »



Отсутен Benedetti

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
    • Бесплатни огласи
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #8 на: 24 Септември 2012, 21:42:12 pm »
Цена? Колку се добива на коњажа?
24.06.1910 Milano!!!

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #9 на: 24 Септември 2012, 21:53:40 pm »
Четирицилиндарски дизел...2500 кубика ...глупости...
Зошто глупости?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #10 на: 24 Септември 2012, 23:39:20 pm »
Дечки значи вака кој е заинтересиран да помине да го види џипот и да се повози да ги види придобивките ќе може да дојде во сабота 29-09-2012 од 11 часот па натаму.
Еве тие што се заинтересирани нека пишат дали ова одговара или да направиме некоја претумбација што ќе одговара на повеќето.
« Последно менување: 25 Септември 2012, 13:27:36 pm Ogi88 »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #11 на: 24 Септември 2012, 23:44:24 pm »
Зошто глупости?

Инженерски глупости :)

Зошто подобро работи фичото од пеглето си се запрашал? :)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8531
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #12 на: 25 Септември 2012, 12:32:22 pm »
Дечки значи вака кој е заинтересиран да помине да го види џипот и да се повози да ги види придобивките ќе може да дојде во сабота 29-09-2013 од 11 часот па натаму.
Еве тие што се заинтересирани нека пишат дали ова одговара или да направиме некоја претумбација што ќе одговара на повеќето.

 :o

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #13 на: 25 Септември 2012, 13:27:21 pm »
Дечки значи вака кој е заинтересиран да помине да го види џипот и да се повози да ги види придобивките ќе може да дојде во сабота 29-09-2013 од 11 часот па натаму.
Еве тие што се заинтересирани нека пишат дали ова одговара или да направиме некоја претумбација што ќе одговара на повеќето.

 :o

@Chlink фала што примети, сум се занел со куцањето :) датумот е 29-09-2012 :)
Кој сакам може да помине и да во спат да се информира и за друго, пред се е да го претставиме уредот, доколку има и некое други прашања ќе одговориме :)

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: Дизел на Метан
« Одговори #14 на: 25 Септември 2012, 16:38:10 pm »
Зошто глупости?

Инженерски глупости :)

Зошто подобро работи фичото од пеглето си се запрашал? :)
Не,ама стално се прашувам зошто дрвеното мовче е помало од Сали мостот ???
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D