Автор Тема: Одржување на возила со плински уред  (Прочитано 26647 пати)

Отсутен Baraban

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #30 на: 25 Мај 2017, 18:14:51 pm »
И сам се штелуе а?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #31 на: 18 Јули 2017, 15:03:55 pm »
А како можем сам да го штелуем

тоа неможеш да го научиш на форум. а треба и да те интересира. колку време возиш кола со плин?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Одржување на возила со плински уред
« Одговори #32 на: 18 Јули 2017, 16:56:50 pm »
Јас вака го штелувам плинскиот уред на моето возило.
Да напоменам дека ваков плински уред најдобро се штелува со возење, да се види после секое попуштање или затворање на вентилот како возилото одзива на гаста, најдобар начин е додека се вози возилото да се наштелува.

Е сега идеме на штелувањето.
Најпрвин во место ја додавам гаста и вентилот на цревото го затворам се додека моторот не дојде во точка да едвај работи, пред гасење. Запамтувам позиција на вентилот и потоа го отворам 1/2.
Веднаш после ова тоа кругче на расплињачата што е, и тоа го затегам, го носам исто така до точка се додека моторот не почне да гаси. Откако ке го донесам тука, го пуштам некаде 1/4 или нешто повеке од 1/4. Тука правам тест со друкање на кочницата. Ако при друкање на кочницата вртежите на моторот пагаат прилично ниско, значи треба да се појача уште малку на ова кругче. Ако вртежите се наголемуваат, тогаш малку се затега.

Почнувам да возам, гледам дека моторот не одзива добро на гаста, при полн гас забрзува како да сум притиснам 1/4 од гаста.
Застанувам, отворам хауба, го попуштам вентилот на цревото за уште 1/4. Успат го проверувам она со кочницата, (фактички после секое попуштање на вентилот на цревото го правам ова со кочницата, па по потреба го корегирам и тоа на расплињачата) и ако вртежите се ок, продолжувам со возење.
Моторот добива нешто на сила во однос на претходно, ама не доволно.
Да скратам, застанав уште на двапати, и на двапати појачав по 1/4 и крајниот резултат ми е 1 круг и 1/4 отворен вентил од најниската точка.

И на крај уште еднаш го правам тестот со кочницата, отприлика тоа го местам да вртежите при друкање да ми пагаат, ама онака не претерано.

Последна штелка ми е оваа и со оваа штелка ми извади 10.3 потрошувачка градско возење (пред тоа од зимоска беше штелката и за цел 1 круг ми беше одвртен вентилот, скоро 2.5 круга од најниската точка беше пуштен вентилот и за речиси 1/4 исто така повеке плин идеше од она кругчето на расплињачата) и потрошувачката според зимското штелување ми идеше околу 14 среде лето и 40 степени.

Се на се, не е комплицирано, само треба и двете работи, вентилот и кругот на расплињачата да се затегнат до крај, па потоа постепено, по намалку да се попушта паралелно и од двете, тестирање со возење, да се доведе моторот да одзива коректно на гаста, да може во втора или трета брзина без некоја мака да исполни 5000-6000 вретжи.
« Последно менување: 18 Јули 2017, 17:09:00 pm FiLo »