Да ја живнам малку темава...
Имено, последното Кеди ни прави проблеми бетер него ли двете претходни заедно, при значително помала помината километража.
Блиц потсет:
- првото Кеди 2.0 СДИ (75), имаше „проблем со процесорот“, кој верувам дека го предизвикал некој од чираците во сервисот на Порше, пошто и после промена, проблемот остана. Како и да е, колата немаше никакви механички проблеми, беше продадена со ~550 000 км поминати, и сеуште си вози. Правени се само редовни сервиси, и еден вонреден за промена на процесор.
- второто Кеди 2.0 СДИ (75), се покажа како неуништива машина, што без проблем си ги изџвака ~500 000 км, само со редовни сервиси. Превентивно беше сменета водна пумпа на ~430 000 км. За жал (за нас), го продадовме и новиот сопственик сеуште си ужива во неговата неуништивост.
- третото (и актуелно) Кеди 1.6 ТДИ (75), се покажа како ѓубре невиѓено до сега. Има поминато помалку од 300 000 км, веќе се сменети 3 водни пумпи, имаше проблем со пљукање уље, со разно-разни дихтунзи и еве сеа најтазе проблем со пумпа за висок притисок, чија замена кошта ~1700 евра (во официјален сервис). За првпат кај било кое товарно возило, ни се манифестира проблем со течење на амортизери. Сума сумарум, убедливо најлошо искуство до сеа, кое може ќе биде одлучно да се префрлиме на друг производител кој би имал поверни мотори, а не експериментални програми.