Микси, другар, не знам дали имаш видено усисна грана на дизел со ЕГР кој функционира и враќа лајна од издув на досогорување. Се е налепено како со црна смола и ако процепот кој води до цилиндарот има фи од 60мм, после 200к километри има фи од 40-45мм за проток на воздух. Турбото донекаде компензира со позитивниот притисок во усисната грана, ама доаѓа до степен кога едноставно физички нема доволно волумен да има голем проток на воздух.
Разликата е во самиот осет во возење дали имаш проблем или немаш. Кај бензинец се осеќа проблем (особено кај тие мотори со директно вбризгување кои немаат турбо. Кај турбомоторите има турбинче кое колку-толку ја подобрува ситуацијата со довод на екстра воздух и позитивен притисок во усисна грана) затоа што мораш да имаш стоихиометриски сооднос 14,нешто:1. Најчесто кога е студен моторот и кога има богата смеса и недоволно воздух се закашлува и си запишува грешка. Кај дизелот, кој и онака си трака без разлика колкав е соодносот, воопшто не ја чувствуваш постепената деградација на моќ и постоечките вибрации.
Кај поновите турбо дизел мотори (после 2014/2015та)година тоа е елиминирано со водено ладење на самиот усис, со ЕГР кој работи во затворениот круг на позитивен висок притисок + ЕГР кој работи на низок притисок после ДПФ-от/катализаторот и враќа издув + водена пареа назад во системот за до-согорување на азотни оксиди.
Кај ултра-новите бензинци на ФауВе кои работат на милеров циклус (дел од смесата може да излезе надвор од цилиндарот и турбото компензира за губењето на компресија), имаат вградено водено ладење во усисната грана, во интеркулероt и БПФ и поради тоа не враќаат назад лајна со ЕГР.