Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 386845 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1740 на: 16 Ноември 2018, 12:42:56 pm »
Eeee на времето midtown maddness играта оваква буба беше чест да возиш :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1741 на: 22 Ноември 2018, 11:05:06 am »
Кога сме кај Бубата..

Денес започна судската постапка за спорот околу авторските права за изгледот на легендарната „буба“, меѓу производителот Volkswagen и ќерката на дизајнерот.

Од средата (21.11) се води судска постапка околу дизајнот на еден од најуспешните автомобили на сите времиња, на „бубата“ и на нејзиниот наследник New Beetle. Во првото рочиште околу авторските права во покраинскиот суд во Брауншвајг не се постигна спогодба меѓу производителот од Волфсбург и фамилијата на Ервин Коменда (1904-1966), дизајнер на Porsche.

Ингрид Штајнек, ќерка на дизајнерот, бара чесен надомест, односно соодветна компензација за големиот успех на автомобилот во изминатите седум децении. Тоа ќе претставува своедивно признание за животното дело на дизајнерот. Volkswagen смета дека тужбата е неоснована. Како дизајнер на „бубата“ (оригинално Käfer), официјално се води конструкторот Фердинанд Порше.

Претходно беше одбиена слична тужба за Porsche
Кон крајот на јули, покраинскиот суд во Штутгарт одби слична тужба околу авторските права за Porsche 911 и неговиот претходник Porsche 356. Во меѓувреме е поднесена жалба за таа одлука од страна на тужителката Ингрид Штајнек.

http://automedia.mk/objavi/volkswagen-beetle-dizajn-sudski-spor/?fbclid=IwAR1cSBlksw1MN5z6cKRW6Ac9JPEGd76nnNtPa4q0Z_t0oYoZ4AMqexlR5I4

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1742 на: 22 Ноември 2018, 14:32:35 pm »
Денес влегов во Артеон, Пасат, Туарег, Суперб, Октавија и Рапид.
Ако користени материјали во ентериер ви се фетиш, купувајте си убаво опремени Шкоди бидејќи нијанси се во прашање.

Капа доле за Артеонот R line, 2.0 ТДИ 190 КС, темно црвен со црни 20ки и спортски ( тврди и малку неудобни) кожни седишта и убав ентериер на изглед...али за 50К... тешко.

« Последно менување: 22 Ноември 2018, 14:38:23 pm Stratro »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1743 на: 22 Ноември 2018, 15:07:50 pm »
Не знам што подразбираш под нијанси, ама според моето лично искуство, еден средно опремен Golf многу поубав филинг дава во внатрешноста, отколку напукана Octavia VRS.

За другите гореспоменати, не знам, немам непосредно искуство.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1744 на: 22 Ноември 2018, 15:14:39 pm »
Не знам што подразбираш под нијанси, ама според моето лично искуство, еден средно опремен Golf многу поубав филинг дава во внатрешноста, отколку напукана Octavia VRS.

Подразбирам токму спротивното од ова.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1745 на: 22 Ноември 2018, 15:19:15 pm »
Онда би рекол дека нијансите ти имаат ептен голем праг на толеранција. Нејсе, живи здрави.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1746 на: 22 Ноември 2018, 15:33:55 pm »
Денес влегов во Артеон, Пасат, Туарег, Суперб, Октавија и Рапид.
Ако користени материјали во ентериер ви се фетиш, купувајте си убаво опремени Шкоди бидејќи нијанси се во прашање.
Касниш. :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1747 на: 22 Ноември 2018, 15:34:36 pm »
Тоа нијанси се во прашање е уствари многу дискутабилно и субјективно прашање.

Објективно е вака. Моментот кога ја отвараш вратата во голф седиш и ја затвараш а истото го правиш во октавија одма ти станува јасно зошто едното е поскапо од другото. Моментот на отварање на вратата кај голф е чувство на многу тешка врата и ти дава чувство на солидност а кога ќе ја затвораш има едно тивко и солидно ТУП, и штама. Истиов момент кај октавија е проследен со многу полесно отварање на врата и моментот на затварање е повеќе како кај француско возило. Значи ова е факт, не мислење. Овдека не станувза збор за некаков си квалитет на материјали, туку нешто друго. И да не збориме сега за самото чувство кога возиш, изолација, дампирање итн.

Несакам да бидам сфатен погрешно но таква е реалноста, а јас радо би возел октавија врс 2.0 тси наместо голф 1.4 тси ама финансии си се финансии.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1748 на: 22 Ноември 2018, 15:36:50 pm »
Дој кај мене да видиш што е тешка врата.
Не ти треба теретана.

;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1749 на: 22 Ноември 2018, 15:49:47 pm »
Подмачкај ги шарките ;D

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1750 на: 22 Ноември 2018, 16:05:39 pm »
Стојат од страна шоферите Марјан и мечето и тивко се смешкаат за тешките врати. :D
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1751 на: 22 Ноември 2018, 18:01:36 pm »
Моментот кога Голф 7 во Хајлајн ниво на опрема и таа фамозна врата, кога ќе пробаш да ја отвориш во тесен паркинг и ќе сфатиш дека вратата има само едно коленце на отворање. На првото коленце вратата само малку се отвора, недоволно да излезеш, а второт колено е кога вратата е целосно отворена. Додека да се навикнеш изгледаш ку шутрак, пробувајќи да најдеш позиција за да можеш да отвориш врата и да излезеш а да не ја удриш колата до тебе, но позицијата никогаш не ја наоѓаш зошто ја нема. Треба да ја потпреш вратата на соседното возило па да излезеш :D исто ко кај Спаркот ;D ама па таму вратата е лесна па проблемот не постои.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1752 на: 22 Ноември 2018, 18:05:07 pm »
Колку што знам, кај Голф 7 нема „коленце“, туку колку ќе ја отвориш вратата, толку стои отворена. Бесконечно многу коленца. :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1753 на: 22 Ноември 2018, 18:31:08 pm »
Моментот кога Голф 7 во Хајлајн ниво на опрема и таа фамозна врата, кога ќе пробаш да ја отвориш во тесен паркинг и ќе сфатиш дека вратата има само едно коленце на отворање. На првото коленце вратата само малку се отвора, недоволно да излезеш, а второт колено е кога вратата е целосно отворена. Додека да се навикнеш изгледаш ку шутрак, пробувајќи да најдеш позиција за да можеш да отвориш врата и да излезеш а да не ја удриш колата до тебе, но позицијата никогаш не ја наоѓаш зошто ја нема. Треба да ја потпреш вратата на соседното возило па да излезеш :D исто ко кај Спаркот ;D ама па таму вратата е лесна па проблемот не постои.

Според ова што го кажуваш, за "коленцата" да се 100% функционални треба да се штелуваат според профилот на возачот, затоа што секој е различен нели. ? Коленцето за тебе и за цацко нема да е исто нели ?  :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1754 на: 22 Ноември 2018, 18:42:58 pm »
Колку што знам, кај Голф 7 нема „коленце“, туку колку ќе ја отвориш вратата, толку стои отворена. Бесконечно многу коленца. :)
Да, многу паметна и корисна работа за излегување од тесни места.

Неточно.