Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 386101 пати)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1545 на: 15 Март 2018, 09:56:12 am »
Едно е болести, друго е фактичка состојба од која нема бегање. Начинот на функционирање на ЕGR, имањето само 4 GDI инјектори, си го рпават своето. Дали мислиш дека прават декарбонизација (со впрскување во усис) во сервис? Или можеби мануелна декарбонизација со глодалица?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1546 на: 15 Март 2018, 10:04:50 am »
Едно е болести, друго е фактичка состојба од која нема бегање. Начинот на функционирање на ЕGR, имањето само 4 GDI инјектори, си го рпават своето. Дали мислиш дека прават декарбонизација (со впрскување во усис) во сервис? Или можеби мануелна декарбонизација со глодалица?
За ова:

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1547 на: 15 Март 2018, 10:23:49 am »
Ама и овој од клипов го следам редовно и некогаш ептен го тупи. Друга работа е што квалитетот на горивото таму и во ЕУ е неспоредлив и најбитно од се користат претежно друг тип на уље.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1548 на: 15 Март 2018, 10:25:05 am »
Кај поновите константиот притисок во усисната грана комбиниран со тенки вискозни масла кои имаат низок Noack имаат далеку помалку проблеми со озлогласените јаглеродни депозити.
Но, за комплетно избегнување на тој проблем, поновите генерации на мотори од БМВ, Фолксваген, Форд користат најразлични начини да го решат и тој проблем, и проблемот со  ПМ честички кои се нус-продукт на директното вбризгување.

Конкретно БМВ си има машина за де-јаглеродизација со гранули направени од лушпи од ореви кои ги вбризгува под висок притисок во воздуховодите на главата и така ги светнува вентилите.
Јаглеродните депозити се многу поголем проблем кај атмосферските мотори со директно вбризгување и постарите ТСИ/ТФСИ мотори. Поновите б38/Б48/Б58 им се дизајнирани за многу полесен пристап за чистење, а и за намалување на лепење на јаглеродните депозити. Но мислам дека во иднина и тие ќе прават комбинација со директно/индиректно вбризгување.

Форд нема таква машина, и предлага вадење и чистење на усисната грана на старите 1.6/2.0/2.3/2.7 екобоост мотори. Исто, во соработка со кастрол имаат развиено специјално тенко масло 5-20. Исто го користат и Ти-ВЦТ системот во комбинација со  таканаречениот Scavenging ефект за чистење на усисни и издувни вентили. Колку е успеш но тоа не знам затоа што од оваа година мислам дека во самата екобууст технологија ќе вградуваат и дополнителни инјектори во усисната грана за да ги перат усисните вентили. Исто Форд има релативно краток сервисен интервал од 1 година или 20к километри, кои ако се следат по пропис сигурно го намалуваат ефектот на јаглеродни депозити.

Мерцедес исто работи во истата насока како и Форд. Подолго отворени усисни вентили, двојно вбризгување и голем дел од другите потрошувачи да ги замени со електрични и да држи бууст со електрична турбина/компресор. За жал, немам многу истражувано на таа тема за мерцедес.

Фолксваген Групацијата има два начина како да се бори со тој проблем. Ауди/Шкода/Сеат со 1.8тфси/2.0тфси/2.5тфси (сите поголеми од 1.8) уште од 2012та имаат двоен систем за вбризгување со директно и индиректно вбризгување и во зависност на вртежите, напорот, брзината на движење самиот компјутер бира колку гориво ќе вбризгуваат двата системи. Колку што се сеќавам, на ниски вртежи и мал напор се со портинџекшн, кога го пржиш е со директно вбризгување (и самиот имаш спомнато во една од темите за благодетите на директното вбризгување).  Вториот начин за решаваер на овој проблем е со воведување на 1.5 ТСИ моторите со милеров циклус, кадешто целиот систем за воздух се држи под компресија/притисок и дел од миксот на гориво/воздух излегува надвор од самиот цилиндар. Сигурно имаат пресметано/тестирано дека депозитите делумно се разградуваат на тој начин.

Пс. Ова е лична интерпретација на читање ваму таму по интернет, и немам појма дали е така во реалноста.



« Последно менување: 15 Март 2018, 10:31:30 am Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1549 на: 15 Март 2018, 13:19:38 pm »
Во реалноста, тие ќе прават комбинација со директно/индиректно вбризгување. e најдобро решение. VW го имаше ставано кај некои 2.0 tsi мотори, дали беше 6ка или 7мца GTI, не ме фаќај за збор. А и други фирми (не ми текнува во моемнтов) вградуваат по 2 пара инјектори (GDI + MPI), поради уште подобра хомогенизација и еко норми при одредени режими на работа (part throttle, mid ragne, итн).
На темава, дали се препорачува редовно ставање на адитиви за чистење GDI системи? Wurth, Liqui?

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1550 на: 15 Март 2018, 13:45:58 pm »
VW го имаше ставано кај некои 2.0 tsi мотори, дали беше 6ка или 7мца GTI, не ме фаќај за збор.



EA888 Gen 3, 2.0 TSI. :)

И ова:

http://www.greencarcongress.com/2014/01/2014014-audi.html

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1551 на: 15 Март 2018, 14:04:39 pm »
Значи 7 ГТИ има и порт инџекшн? Лајк :)

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 452
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1552 на: 20 Март 2018, 11:55:33 am »
Дечки може е офтопик али има некаде Рлајн браници да се најде за Пасат низ МКД?
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1553 на: 20 Март 2018, 13:16:49 pm »
Каросерија мк или автолук исто е

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 452
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1554 на: 20 Март 2018, 14:03:05 pm »
Немаат таму само фабричките ги имаат Рлајн не држеле
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1555 на: 27 Март 2018, 11:30:20 am »
Вчера го возев ова Битола-Благоевград-Берово-Кавадарци-Битола.2.0тди 150кс дсг менувач со 6 брзини.Внатрешноста  има убави материјали,ама некои иако се убави евтино ми делуваа.Има и најевтина пластика кај седишта ова она ама не се гледа многу.
Бучава нема многу,ама знае и на 120км/х да се слуша,шо според мене за кола од оваа класа и посебно за Пасат, најдобриот од најдобрите не би требало.
Тој старт-стоп системот би го откорнал со се инсталација и је**ла вас екологија и заштита на животна средина и сл...
Менувачот ок иако на моменти знае да изнервира,пример слегуваш на удолнина без гас на моторно кочење и знае да врати 2-3 степени подолу.Дај му малку гас на рамно ке нареди 2-3 степени нагоре.Али автоматик е пречи малку,дур менува сам шо го тркалаш.
За цело патување потроши пола резервоар нафта,возено без никакво штедење колку шо дозволува патот.Ниту знам колку собира резервоарот,ниту проверив на компјутер моментална или било каква потрошувачка.Истотака не проверив колку точно километри изминавме ама беа околу 650-700км.





Инаку возилото имаше изминати 114Ккм,убаво беше стегнато,мада е скоро ново возило.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1556 на: 27 Март 2018, 11:42:37 am »
Нема боље маега му.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1557 на: 27 Март 2018, 11:45:35 am »
Сон на сите Алфисти и Опелџии: no rust, no breakdowns!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1558 на: 27 Март 2018, 11:58:39 am »
Сон на сите Алфисти и Опелџии: no rust, no breakdowns!

FTFY.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 452
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1559 на: 27 Март 2018, 12:00:48 pm »
Имаат пасаткиве со електронските ручни мака :D
Hyundai Elantra 6th G