Ништо не спомнаа за бензинскиот систем ни кај мечето (кој носи мотор кој во основа е модифициран М271, кој пак во основа е модифициран М111 од средината на 90тите), ниту пак кај Голфот, кој носи мотор кој веќе поминал три генерации директно вбризгување (од поло 1.4 фси, па голф 5 1.4тси, голф 6 1.4тси). Затоа и реков погоре, ова се германски коли во кои самиот мотор поминал неколку генерации на проблеми и детски болести кои се постепено средувани и пеглани, па се такви какви што се. Од друга страна, овие се редовно “тјунирани“ и декарбонизирани на аутобан, и сервисите секогаш им се по пропис.
Ако погледнеш развивањето на корејците (Киа/Хјундаи) и тие ги прават истиот генерациски развој. Прво мали мулти-поинт бензински мотори една две генерации, после мали мотори со директно-вбризгување две генерации, и дури сега почнуваат со турбинирани мотори базирани на претходните мотори во нивната гама на мотори. Друг начин да се направи тоа, нема.