Без разлика дали колата е каско или не, ако е се регуларно со возилото и со шоферот, тогаш македонија пат е должна да ти ја надомести целата штета. На делници каде не се наплаќа патарина, немаат никаква одговорност.
Ваков случај имаше еден мој пријател од Охрид. На автопатот Скопје-Тетово му налета џукела од која го искрши браникот, хладњакот и фарот и уште некои ситници. На почеток Македонија пат се правеа ненормални и не сакаа да покријат трошоци, па мораа да одат на суд. На суд излезе да платат 3 пати повеќе од реалната штета према сопственикот плус судски и други административни трошоци.
Значи, ако ти се случило тоа, пробај разговарај со некој по-надлежен и имај цврст став дека ќе го решите случајот на суд ако одбиваат да ти ја покријат штетата во целост!
Мене пред неколку години за малку ќе ми се случеше истово. Доцна навечер возев накај Охрид. На споменатата делница, Скопје-Тетово, имаше 3 џукели легнати на патот. Со 150км/ч не знам само како успеав да ги одбегнам. Им кажав на патарина за џукелите и идиотите ми викаат ако не сум удрил во некоја од џукелите да не се замарам. Им викам, абе некој друг ќе удри, реагирајте некој нека ги одстрани и затворете го патот. Они пак, као да уживам. Немав ни време, ни желба да се расправам, ама требаше да дигнам џева на поголемо ниво поради нивната идиотска незаинтересираност и доведување во опасност на учесниците во сообраќајот.