Автор Тема: последици од незгода-куче на автопат?  (Прочитано 12705 пати)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: што да се прави во ваква ситуација?
« Одговори #15 на: 04 Април 2011, 22:34:20 pm »
прикаската е на автопат ми излезе куче.од оние маалските што се пуштаат по коли(бар мене така ми личеше).ова буквално ми се пушти и тргна да ја напаѓа колата од страна.куче самоубиец :)
среќа го удрив со преден лев дел од браникот и со главата мавнало во браникот а со телото под/во предно лево тркало и го прегазив со задното.
немав време ни да закочам па застнав полека(возев 80-90км).
кога гледам од колата нешто тече ама тече ко од чешма.
одма помислив дека е хладњакот но по миризбата осетив дека е средството за миење стакло.
резерварчето е одма под браникот и ај викам од ударот пукнало.викам полиција,дојдоа направија увид и прашањево на полицаецот е:каде е кучето? викам што знам каде е гледав да спасам жива глава а ти ме прашуваш каде е кучето.почнаа да го бараат но не го најдоа.после едниот полицаец виде на мрежата огромна дупка и ја сликаше.
направија увид и тоа е.
на кратко процедурата оди вака:
одам во сава табак каде што ми беше осигурена по автоодговорност,и бараш штета по автоодговорност.таму сликаат,пополнуваш образец што како било и наместо они да ја бркаат и да се тужат со македонија пат,топката тебе ти ја префрлаат.ти сам да се тужиш со македонија пат.после тоа отидов во компанијата(ад осигурителна полиса) каде ми е каското и ти прават услужна подготовка со проценка на штета(пак сликање и проценка нивна). и те праќаат во сервис.сервисот прави детална проценка и во договор со проценителот од осигурителната компанија отвараат налог.
варјанти:
1.да направиш се сам на своја сметка и после да тужиш на суд.добиваш 100% сите ми го рекоа ова но време на чекање мин 1 год. па надаље. претходно треба копија од полициски увид,извежтај од сава табак,извешатај од ад осиг.полиса и фискална од сервисот.
2.активација на каско.плаќаш 200 евра а осигурителната компанија се друго.

од прилика штетата е :
браник 370 евра,резерварче 35 евра+работна рака и фарбање 150 евра
плус ако има и нешто друго.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: што да се прави во ваква ситуација?
« Одговори #16 на: 04 Април 2011, 23:28:28 pm »
Мене како ми има искочено на 190 км самојад голем ко мечка маме му ебам, на сред лента, пробав да кочам видов дека нема шанси а ако го удрев доста големи шанси имав за поголема незгода, па затоа почнав да бегам во лева лента( среќа немаше коли) , планот во блиц моментот ми беше ако продужи да поминува низ цела улица да се вратам во моја а ако застане да продолжам во левата ( или бар така мислев отпосле дека било тоа план) но среќа човекот од нивата свика по кучето и се врати а јас продужив. Овој муабет се случи во 2 секунди, така да многу блиску беше.

Да не заборавам и сега во бугарија избегнав куче, претицував шлепер кога во тој момент на шлеперов му искочи куче, засвире по него и кучево дирекно кај мене под кола да влезе во страв, не возев брзо и убаво закочив и добро што кучево паметно кидна, арно ама позади мене кола за многу малку ќе ме собереше.
« Последно менување: 04 Април 2011, 23:31:14 pm chlink »

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: што да се прави во ваква ситуација?
« Одговори #17 на: 06 Април 2011, 14:18:31 pm »
и убаво кажал нашиот народ додека сам не си ја потераш работата или додека не ја фатиш работата сам во свои раце ништо не бидува :)
така и јас.паркирав во двор колата,се мислев што да правам ама ме копкаше да видам каде е пукнато казанчето=резерварчето за прскање.и почнав да опипавам ко старец млада путка.пипни ваму пипни таму прегледност слаба но имам добар осет на прсти :) ко за среќа напивав едно дупче(збунет).не ми изгледаше ко да е пукнато,бутам прстот гледам влага до пола без да ме гребе.....а викам ова имало некое капаче и гарант е паднато.но ме копкаше како да видам што е со дупчето.ги извадив двата штрафа каде што беше фарот и го оштекав од кабли и го извадив.кога гледам пумпата од прскалката падната :) на неа мала испакнатина со  гумица која одговара на дупчето од казанчето :)
го ставив со набивање моторчето,сипав вода и не течеше :) значи не било пукнато како што мислев туку пумпата(моторчето) излегло од ударот на кучето.
вратив фарот и пуштив прскалката да ја тргнам прашината од предното стакло  :)
остануваа две пукнатини што малку се гледаат.
после ќе постирам слики.
решив да не активирам каско бидејќи не се исплаќа за две пукнатини да плаќам 200 евра.

сега кажете ми каде и кој лепи пластичен браник.дали можам јас сам да го направам или да барам чаре во некој сервис?
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: што да се прави во ваква ситуација?
« Одговори #18 на: 06 Април 2011, 14:56:34 pm »
еден мој пријател одеше Скопје да ја продаде колата, човекот што ја купувал колата го чекал да му плати и да му ја предаде колата, а пријателов истиот ден требаше да си купу друга кола се договорено. Ама што се случува кај Зајас му излегува елен на патот и директно го мавнал, еленот преку кола на место мртов, а колата од предницата спомен немаше. Кога дошла полиција не само што не станал збор за покривање на штета туку му рекла дека нема кривично да го гонат зошто убил елен кој бил заштитено животно, како тој да тргнал на лов на елени со кола ?!  ама Македонија и се е можно

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29789
    • CARclub.mk
Одг: што да се прави во ваква ситуација?
« Одговори #19 на: 06 Април 2011, 14:57:15 pm »
Позади Олимписки базен има еден што лепи пластика одлично, али ќе треба за фарбање да си средиш. Ја би ти препорачал право кај Ја-Ја да отидеш, да видат што може да се направи.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: што да се прави во ваква ситуација?
« Одговори #20 на: 06 Април 2011, 18:39:25 pm »
еве ја сликата од пумпата=моторчето



еве како изгледа резерварчето од кога го извадив фарот



еве го дупчето каде што треба да влезе пумпата



ова е првата пукнатина сликана од блиску



ова е втората пукнатина



втора пукнатина друг агол

[IMG=http://img853.imageshack.us/img853/1269/dsc03080v.jpg]http://[/img]

а еве како се гледа или приметува од напред




среќа во несреќа,добро е што кучето удри со главата во страничниот дел а со телото во гумата и раткапната(ја немам ставено таа слика).имаше траги од влакна на гумата странично и флека на раткапната.
добро е што не ми влезе напред кај хладњакот каде што има и други делови,испаривач од климата,црева еден куп......е тек тогаш штета би била над 2000 евра.




« Последно менување: 06 Април 2011, 18:51:09 pm maci »
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: последици од незгода-куче на автопат?
« Одговори #21 на: 06 Април 2011, 20:48:54 pm »
Жално, убаво количе.....

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11750
  • Архитект
Одг: последици од незгода-куче на автопат?
« Одговори #22 на: 06 Април 2011, 21:33:00 pm »
Еден другар мавна со Fusion куче после 1 или 2 патарина накај велес. Го мавна со 90 - 100км/ч право, во средина на колата. Штета: браник, хладњак, клима, халогенки итн итн...... околу 3000€ Требаше да се тужи со македонија пат, ама незнам што бидна. Сметај дека фјужн ти е фиеста со малку променета форма........ си имал среќа.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: последици од незгода-куче на автопат?
« Одговори #23 на: 06 Април 2011, 21:37:05 pm »
Мислам дека ова се прави само не знам кој ги прави....

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: последици од незгода-куче на автопат?
« Одговори #24 на: 06 Април 2011, 22:19:11 pm »
Еден другар мавна со Fusion куче после 1 или 2 патарина накај велес. Го мавна со 90 - 100км/ч право, во средина на колата. Штета: браник, хладњак, клима, халогенки итн итн...... околу 3000€ Требаше да се тужи со македонија пат, ама незнам што бидна. Сметај дека фјужн ти е фиеста со малку променета форма........ си имал среќа.
мислам за оваа приказна ми кажаа дали кај мики во визбегово сервисот на мида или некој од осигурителните агенти.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11750
  • Архитект
Одг: последици од незгода-куче на автопат?
« Одговори #25 на: 06 Април 2011, 22:52:12 pm »
Еден другар мавна со Fusion куче после 1 или 2 патарина накај велес. Го мавна со 90 - 100км/ч право, во средина на колата. Штета: браник, хладњак, клима, халогенки итн итн...... околу 3000€ Требаше да се тужи со македонија пат, ама незнам што бидна. Сметај дека фјужн ти е фиеста со малку променета форма........ си имал среќа.
мислам за оваа приказна ми кажаа дали кај мики во визбегово сервисот на мида или некој од осигурителните агенти.

Ако беа битолчани или битолски форд - тој е.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: последици од незгода-куче на автопат?
« Одговори #26 на: 06 Април 2011, 23:14:03 pm »
Друже ти да си ми жив и здрав, кола се прави...

Имам удрено и јас куче, од куманово во 01ч се враќаме назат со цивик  и само што излеговме на автопат и одма гас... и возиме 200, и гледаме нешто црно на средина на патот... и само пипнав кочница...  немаше време за ништо друго... и право во него...

Хондава напред парче,браник, хладњак, челен лим... све... а кучето као да го сечеч Жан Митрев на пола :)) Од ударот го отфрливме на страна од патот, како на едно брегче...

И после полиција и колата на шлеп ;)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: последици од незгода-куче на автопат?
« Одговори #27 на: 07 Април 2011, 08:20:40 am »
Друже ти да си ми жив и здрав, кола се прави...
фала друже,така е

Имам удрено и јас куче, од куманово во 01ч се враќаме назат со цивик  и само што излеговме на автопат и одма гас... и возиме 200, и гледаме нешто црно на средина на патот... и само пипнав кочница...  немаше време за ништо друго... и право во него...

Хондава напред парче,браник, хладњак, челен лим... све... а кучето као да го сечеч Жан Митрев на пола :)) Од ударот го отфрливме на страна од патот, како на едно брегче...

И после полиција и колата на шлеп ;)
и што направи,ги тужеше македонија пат,осигурање каско....?
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: последици од незгода-куче на автопат?
« Одговори #28 на: 07 Април 2011, 14:28:39 pm »
Не бе какво тужење 1.80 промили издувавав, плус 200кмч :):):) они мене треба да ме тужат :)))))))))

Плус, ова беше пред 6-7 години, и немаше тогаш вакви приказни, и фори...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: последици од незгода-куче на автопат?
« Одговори #29 на: 07 Април 2011, 15:17:38 pm »

ИЗГУБЕНО Е КУЧЕ ОД РАСАТА БАЛКАНСКИ СТРИТЕР (МЕЛЕЗ ОД МАЈКА ЏУКЕЛА И ТАТКО ЛИНГУР). НА ЧЕСНИОТ ПРОНАОЃАЧ МУ СЛЕДУВА НАГРАДА - УШТЕ ЕДНО КУЧЕ ОД ИСТАТА РАСА. ИНФОРМАЦИИ НА ТЕЛЕФОН 188!
Ум шо идит отпосле не јет ум!