Автор Тема: Opel Astra H (classic III) и Daewoo Matiz  (Прочитано 76237 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Opel Astra H (classic III) и Daewoo Matiz
« на: 03 Април 2011, 00:01:48 am »
Епа редно беше и ја да го паркирам моето аутце...

Opel Astra H, 1.4, 66kw (90кс). Купена октомври 2010, поминати скоро 4000км.

од опрема има:

серво прилагодливо по висина и длабочина
4 AIRBAGS
ABS
централна брава до далечинско
електрика на предни стакла
браници, кваки и ретровизори во боја
електрично прилагодување на ретровизори и греење
радио цд/мп3 со 7 звучници
борд компјутер
возачко седиште со висинско прилагодување во 4 насоки
алуминиумски бандажи 6.5Ј x 16”, Гуми 205/55 R16 GoodYear Eagle
мануелен клима уред
кожен волан со радио команди
магленки
и можеби уште нешто што сум пропуштил...

за почеток неколку слики сликани првите денови откако е земена...







на неа нема ништо додавано, се е како што е земена од салон. планови немам нешто многу, приоритет се некои добри патосници, дефлектори, чисто естетика како за почеток, за понатаму здравје.

еве го и малиот, ми се чини највозено ауто у нашава земја...

Daewoo Matiz, 796cc, 38kw (51кс). Купено август 2000та, поминати скоро 95 000км.

стандард модел тогаш, со скромна листа на опрема каде што дополнителна беше заден бришач, греач на задно стакло и нивелација на предни фарови, кодиран клуч, и припрема за радио со 4 звучници.
генерално е STOCK како што е искочено од фабрика, со неколку ситници додадени:

радио цд LG.
предни звучници kenwood 2x30w во вратите, со големина 13cm.
елипси LG 2x50w на даската од гепекот, 4 системски.
навлаки.
украс на издув.
раткапни 13ки на бандажи 13x4.5J, гуми Continental EcoContact 155/65 R13.
Philips Crystal Vision (5000k) сијалици (H4 и W5W)
led диоди на регистрација позади.
feral брисачи ( и до сега сум презадоволен)
од пред некој ден дефлектори на сите 4 прозори.
скромно, али за низ град нема маана.

пред околу 1000км направен сервис, променети се: филтер за воздух, филтер за гориво, филтер за масло, масло (Total 7000), пцв вентил, дихтунг на главата од моторот, семеринг на радилица, ребраст каиш со затегачи, штелување на вентили.

за некој ден го чека перење на мотор, и тоа би било тоа од прилика.

до сега (да чукнам во дрво) без посериозни кварови.

еве и некоја слика, знам дека му треба чистење, само кус сум малце со време, ама ете колку да се види:




















« Последно менување: 05 Јуни 2011, 18:37:29 pm KaZaN »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #1 на: 03 Април 2011, 00:18:01 am »
охохоооо машала машалааа Здраво и БРАВО колега - Well done !!! ;)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #2 на: 03 Април 2011, 00:19:19 am »
:) па да појачаме малце ОПЕЛово лоби.... :)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #3 на: 03 Април 2011, 03:31:24 am »
Мислам дека со последниве засилувања поброен е тимот на Опел од на Мицубиши :P
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #4 на: 03 Април 2011, 06:09:03 am »
Мислам дека со последниве засилувања поброен е тимот на Опел од на Мицубиши :P

Ја мислев дека VW се конкуренција на Опел ...

Со здравје да си ја возиш, и многу безгрижни коментри ...

Иначе, Kazan, што те натера да земеш H, наместо Ј?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #5 на: 03 Април 2011, 09:47:17 am »
А бе H  е  :) Се извинувам, погрешно го прочитав прашањето... јебига, недела сабајле..., а нема опција за бришење на постот ;)
« Последно менување: 03 Април 2011, 09:50:07 am djidji »

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #6 на: 03 Април 2011, 10:43:57 am »
@Matej: Мора малце конкуренција :)

@Tommy: па види, имаше доста причини што влијаеа... искрено прво изгледот... мене оваа многу повеќе и се свиѓа, покласичен изглед, не многу заоблен, особено предниот дел со хромирана маска многу подобро ми изгледа, после и внатрешноста... ме нервира некако онаа нова мода каде што има едно 50 копчиња за све и свашта, па ако сакаш да уклучиш нешто, ти требаат минута - две дур да видиш кое дугме беше... после од самиве дечки од Olympia Motors кај шо ја земавме, разбравме дека новата астра, збориме за 1.4 моторот, ја има истата машина со само плус 10 коња од издувот, па и искуствата од многу луѓе поради тоа што е потешка, е уште поспора и потрома од Astra H. Чув и некој муабет дека астра Ј има доста покомплицирана електроника... Може да се само приказни, ама како и да е, тоа е тоа... :)

башка и цената играше улога, стариот мој доби доста јак попуст како вработен кај него у фирма... во размер на тие цени имаше понуда само на Хјундаи и30, и Фокус во периодот кога ја зимавме.... фокусот е со мотор послаб за 5 коња, и за тие пари шо ја земавме астрата, имаше и помалце опрема, а и30 некако, не не убеди доволно па да се затрчаме у тој правец... иако иам уште еден кореец, некако германецот поубаво ми звучи да го имам, башка читав и доста по нетов, нивото на завршна обработка на внатрешност и слични детаљи, е на далеку пониско нивото во и30ката, него ли во астрата.... и тоа беше тоа.... :)

како и да е, мислам дека е одличен избор, и до сега можам да кажам дека е супер, и сум презадоволен....
« Последно менување: 03 Април 2011, 10:49:11 am KaZaN »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #7 на: 03 Април 2011, 11:50:42 am »
 Не се исти моторите на Астра Х Twinport и Астра Ј (1.4) Екофлекс. Астра Ј турбо Екотек со 140 кс може да има ист мотор со Астра Х, само има дополнително вградена турбина.
« Последно менување: 03 Април 2011, 12:46:46 pm djidji »

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #8 на: 03 Април 2011, 12:29:29 pm »
КаЗан признај оти Џиџи те упати на форумов...:D

Шала...добро дојде...!

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #9 на: 03 Април 2011, 12:34:11 pm »
@ djidji: тоа беше муабетот од типот на продажба таму... нема везе, како и да е, бидна шо бидна, не се жалам, не се каам, и мислам дека е добар избор....

@ Sportex: :) форумов онака несакајки го најдов, се учленив поодамна, само некако се чекам понови слики, понови слики, никако време... па ги стаив овие, па сеа ќе иам повод плус за нови слики, а и да го претставам Матизчето у скоро време (јес да не е нешто што треба којзнае колку да се претставува)... btw фала, добро ве најдов... :)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #10 на: 09 Април 2011, 20:30:36 pm »
еве уше некое сликиче, времево некако слабо беше, а и не е баш чиста, ама ќе пројде...









btw сменета е фабричката антена со иста таква пократка, ради технички причини (со фабричката не влегуваше у гаража) :)
« Последно менување: 09 Април 2011, 20:38:45 pm KaZaN »

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #11 на: 09 Април 2011, 20:57:37 pm »
Топ ти е количето, со здравје да си го возиш.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #12 на: 09 Април 2011, 21:59:15 pm »
Го зезам Џиџи па ти ....супер ти е Астрата, еден од ретките Опели кои ми се убави на фаца (после Астра класик која не ми се свиѓа) и за малку ке купев 1.4 Т или 1.6 Т да не ме опашаа со цена по чело да ми се сврти паметот. :)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra H (classic III)
« Одговори #13 на: 09 Април 2011, 22:43:09 pm »
@brasica: фала друже

@Sportex: знам знам, иначе да, потполно се слагам.. ретко убав на фаца...

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra H (classic III) и Daewoo Matiz
« Одговори #14 на: 12 Април 2011, 16:10:10 pm »
Момци, ми треба мала помош од вас... у план сум да зиам бандажи за Матизот... најдов некои, за 230 евра марка HTL според продавачот Холандски. Бандажите фино изгледаат, ко за Матизот таман... е сеа муабетов ми е, дали е некој запознаен со таа марка, HTL, чул нешто за неа и слично? башка ми даваат гаранција 24 месеци. се работи за продавничето карши Скопски саем шо е заедно со некои авто сервиси.. па ете можеби и некој има иксуство со таа продавница и слично? и кога веќе ве прашувам... не мора да е од тука, не мора да се тие бандажи, дај некој ако знае да препорача место кај можам да најдам бандажи со тие димензии: 13` со размер на штрафови 4 x 114.3 и дебелина 4.5 - 5Ј?

и уште нешто... дали е могуче на бандаш 5.5Ј да се стаат моите гуми, 155ки??? мислам дали ќе стои, да не бидат нешо растегнати и слично...
« Последно менување: 12 Април 2011, 16:12:41 pm KaZaN »