Епа редно беше и ја да го паркирам моето аутце...
Opel Astra H, 1.4, 66kw (90кс). Купена октомври 2010, поминати скоро 4000км.
од опрема има:
серво прилагодливо по висина и длабочина
4 AIRBAGS
ABS
централна брава до далечинско
електрика на предни стакла
браници, кваки и ретровизори во боја
електрично прилагодување на ретровизори и греење
радио цд/мп3 со 7 звучници
борд компјутер
возачко седиште со висинско прилагодување во 4 насоки
алуминиумски бандажи 6.5Ј x 16”, Гуми 205/55 R16 GoodYear Eagle
мануелен клима уред
кожен волан со радио команди
магленки
и можеби уште нешто што сум пропуштил...
за почеток неколку слики сликани првите денови откако е земена...
на неа нема ништо додавано, се е како што е земена од салон. планови немам нешто многу, приоритет се некои добри патосници, дефлектори, чисто естетика како за почеток, за понатаму здравје.
еве го и малиот, ми се чини највозено ауто у нашава земја...
Daewoo Matiz, 796cc, 38kw (51кс). Купено август 2000та, поминати скоро 95 000км.
стандард модел тогаш, со скромна листа на опрема каде што дополнителна беше заден бришач, греач на задно стакло и нивелација на предни фарови, кодиран клуч, и припрема за радио со 4 звучници.
генерално е STOCK како што е искочено од фабрика, со неколку ситници додадени:
радио цд LG.
предни звучници kenwood 2x30w во вратите, со големина 13cm.
елипси LG 2x50w на даската од гепекот, 4 системски.
навлаки.
украс на издув.
раткапни 13ки на бандажи 13x4.5J, гуми Continental EcoContact 155/65 R13.
Philips Crystal Vision (5000k) сијалици (H4 и W5W)
led диоди на регистрација позади.
feral брисачи ( и до сега сум презадоволен)
од пред некој ден дефлектори на сите 4 прозори.
скромно, али за низ град нема маана.
пред околу 1000км направен сервис, променети се: филтер за воздух, филтер за гориво, филтер за масло, масло (Total 7000), пцв вентил, дихтунг на главата од моторот, семеринг на радилица, ребраст каиш со затегачи, штелување на вентили.
за некој ден го чека перење на мотор, и тоа би било тоа од прилика.
до сега (да чукнам во дрво) без посериозни кварови.
еве и некоја слика, знам дека му треба чистење, само кус сум малце со време, ама ете колку да се види: