Автор Тема: Чистење на турбо  (Прочитано 10459 пати)

Отсутен vwonline

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Чистење на турбо
« на: 12 Септември 2012, 16:13:46 pm »
Здраво момци,

Имам VW Passat 1.9 TDI - модел од 2001. Од неодамна, најчесто при возење на угорници ми се јавува проблем - limp mode. Ја однесов колата во VW официјалниот сервис бидејќи таму ја сервисирам, направија дијагностика дечките и ми рекоа дека турбото ми било за чистење, заради насобран гареж и лепливи крилца. Во нивниот сервис вршеле само замена со нови турбини а не и чистење на стари.
Дали познавате добар мајстор за VW во Битола кој има искуство со чистење на турбини?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #1 на: 12 Септември 2012, 16:14:55 pm »
Прво, пробај да го издуваш малце на отворено... Си бара самата турбина...

Второ, појма неам, побарај пријател :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #2 на: 12 Септември 2012, 16:23:28 pm »
Имаше некој многу фален мајстор, но не сум сигурен дали беше за карбуратори или торбоа.
Издувување е лек за многу дефекти.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #3 на: 12 Септември 2012, 16:25:02 pm »
Во Битола има мајстор кој ке направи да си купиш нова турбина  ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #4 на: 12 Септември 2012, 16:41:29 pm »
јави се кај дечково,има сервис за турбини мислам дека ке средите работа

телефон: (02) 2050 153

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #5 на: 12 Септември 2012, 16:54:37 pm »
Не знам од кого е бројов погоре, ама јас би го препорачал Шиник, односно Автотек Електроник.

Побарај ги на 2032 200.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #6 на: 12 Септември 2012, 20:14:14 pm »
Здраво момци,

Имам VW Passat 1.9 TDI - модел од 2001. Од неодамна, најчесто при возење на угорници ми се јавува проблем - limp mode. Ја однесов колата во VW официјалниот сервис бидејќи таму ја сервисирам, направија дијагностика дечките и ми рекоа дека турбото ми било за чистење, заради насобран гареж и лепливи крилца. Во нивниот сервис вршеле само замена со нови турбини а не и чистење на стари.
Дали познавате добар мајстор за VW во Битола кој има искуство со чистење на турбини?

Не е тоа некој проблем, повеќе е проблем да се извади турбото и да се врати на мотор...

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #7 на: 12 Септември 2012, 20:41:26 pm »
Имаш П.П од мене.

Отсутен vwonline

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #8 на: 13 Септември 2012, 02:25:41 am »
Abe chudo nesto kolku gi kudat bitolskive majstori :)
btw ne mozam da ja izduvam kolata poshto na sred "duvanje" mi se aktivira limp mode -.-

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #9 на: 13 Септември 2012, 08:34:21 am »
Излези на автопат и забрзувај постепено и линеарно, без нагло додавање гас. Вози ја колата на ~3000 вртежи 15-тина минути. Повтори ја постапката неколку пати ако е потребно.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #10 на: 13 Септември 2012, 14:58:26 pm »
Сервис Митревски (Припор) 02 278 0142

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #11 на: 13 Септември 2012, 21:48:01 pm »
Abe chudo nesto kolku gi kudat bitolskive majstori :)
btw ne mozam da ja izduvam kolata poshto na sred "duvanje" mi se aktivira limp mode -.-
Однеси ја колата,па одкако ке ја земиш да не знаеш кој пат да го фатиш,па фали ги.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #12 на: 14 Септември 2012, 20:38:59 pm »
Мече, ова нашето со мајсторите ако не беше трагично ќе беше комично... Можеби има искра надеж.. ќе се произнесам за некој ден
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #13 на: 14 Септември 2012, 23:00:22 pm »
Јас Профф,кога одам на мајстор очекувам колата да ја земам во полоша состојба...ако ја земам во иста тоа ми иди како бинго,а ако ја земам во подобра состојба тоа ти е лото 7/37...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Чистење на турбо
« Одговори #14 на: 24 Септември 2012, 20:05:46 pm »
Здраво момци,

Имам VW Passat 1.9 TDI - модел од 2001. Од неодамна, најчесто при возење на угорници ми се јавува проблем - limp mode. Ја однесов колата во VW официјалниот сервис бидејќи таму ја сервисирам, направија дијагностика дечките и ми рекоа дека турбото ми било за чистење, заради насобран гареж и лепливи крилца. Во нивниот сервис вршеле само замена со нови турбини а не и чистење на стари.
Дали познавате добар мајстор за VW во Битола кој има искуство со чистење на турбини?
Во Битола има овластен сервис за Hyundai, се наоѓа Боримечка, на улица Прогрес (ми се чини) кај шо беше сервисот на некогашното такси Пелси. Мајсторите се доста добри. Покрај Hyundai сервисираат и други брендови, особено германски. Можиш да се обратиш таму, па ќе ти кажат тие дали се за или не.

Инаку и јас имав проблем со мојот Пасат 1.9 ТДИ (110 КС). На четврта брзина ми исклучуваше турбината (на 110 КМ/ч на прав пат и на 80-90 КМ/ч на угорница). Беа тоа нерви ипол. Де турбина е, де вентил е (N75)...
Најдов вентил (N75) изваден од Ауди, сосема исправен. Ме затекна иста ситуација. На 110 КМ/ч исклучваше турбината и добивав впечаток дека возам шпилитер (запрежна кола со една коњска сила, а не 110 :)). Го разработував вентилот со жици, на акумулатор. Го монтирав. За чудо функционираше. Немав проблем повеќе (куртулив стотина евра).

До кога? До првата угорница.На Ѓавото ми исклуче турбината. Канта.
Веќе размислував за промена на вентил. Но шуш буш муабети од ваму, од таму ме натераа да ги проверам вакум цревата.

Проблемот беше најден и отсранет за минута. Се работеше за едно пластично цевче (не од гумените) кое беше се стружело од шасијата и имаше дупка мала. Од таму тишеше. Со наставување на гумено цревце од 3 сантиметри проблемо беше решен и од тогаш среќно си живеам.
Значи некогаш проблемот бил ичпари, а нервите којзнае колку беа лоши за здравјето :)

Се надевам дека оваа дешавка ќему се најди на некој друг кој има проблеми со турбината, особено онаа на моделите од 110 КС