Onak, prvpat slusam deka dekla ne e glava na motorot. Absolutno site majstori i luge voopsto sto jas gi znam, pod dekla podrazbiraat glava na motor. Moze toa sto go velis da go potkrepis so dopolnitelni infformacii?
незнам како да ти докажам или објаснам... ама можеш слободно да појдеш на машински факултет и прашај било кој професор од таму да ти појасни што е декла и за што служи...
ев вака јас ке ви кажам што е што ако идеме по ред од горе надолу на моторот:
-капаче за глава
-глава
-декла
-горен полублок
-долен полублок
-картер
тоа е редот на деловите... кај 90% од моторите деклата, горниот полублок и долниот полублок се едно цело и тоа сите го викаат блок, а ба.ш за деклата го викаат “делот кај цилиндрите“.. а главата си е глава на моторот а не декла...
еве ова е декла:
и еве.. жалам што неможев да најдам слика од цел мотор, за да покажам ама и оваа ке заврши работа....
значи, како што реков, декла е посебен дел од моторот, 90% од моторите го немаат како одвоен. и оние што го имаат како одвоен дел тоа е уствари НАЈ ЧЕСТО за воздушно ладење...
бујрум:
а инаку, може и да фрлите окце на темава и таму е претставен истиов мотор, што го работев јас и е еден од повеќето машини кои во животов сум ги растурил до штраф и склопил од ново:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,4430.0.htmlверувај дека знам што зборам. декла не е по битолски... декла го користат и многу други луге низ државава и низ скопје исто... во америка кога бев, тип збори а преведувач му кажува на мајсторот што е расипано и тетовчанец еден истово ова му го вика декла... човекот му донесе блок и му вика покажи кој дел ти е пукнат... овој вика па го немаш тука на моторов.. па он вика еве ја деклата... а јас седев од страна и пукав од смеење, кога мајсторов го избрка од работилница... не за друго тоа инаетот тетовски мораше да си го добие по глава... (п.с. и јас имам тетовскопотекло, да не ме разбере некој грешно дека сум против тетовчани... не сум)