ОК најнови вести.
Имено за проблемот ја контактирав и СЕАТ централата им објаснив што е маката и побарав нели ако овие во МКД неможат (не се опремени/не држат такви резервни делови/ не се обучени) да ми посочат каде во соседството (Бугарија, Грција) да се обратам за помош, сепак МКД е мал пазар и имам разбирање ако не прават нешто. При целиот контакт внимавав да бидам многу polite и секако да не им наштетам на нашите, а и вистина дечките беа многу коректни, што го и напишав во маилот.
Денес стигна маил од СЕАТ и веднаш потоа повик од Ка-Дис, дечкото кој е customer relation (малку беше лут) се обврза дека тој ќе го најде делот и дека после тоа ќе ме информираат за замена.
Сега да чекам!
Не сум пицајзала и не сакам да им правам проблем, ама целата работа е принципиелна, ако СЕАТ неможе да ми сервисира проблем на СЕАТ автомобил тогаш кој може?