Автор Тема: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007  (Прочитано 7579 пати)

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #15 на: 28 Март 2011, 14:17:57 pm »
Само звучка нема, освен нели ако не се најде од некој грчки или бугарски одпат или нашиов во Тетово. Сепак останува на сила уште една дијагностика кај marsher и тогаш да се утврди дека е навистина звучката (апсолутно сите дома/странство се чудат на таков дефект)!

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #16 на: 29 Март 2011, 21:54:49 pm »
Може и да не е прегорен звучникот, можеби треба само да се активира опцијата за звучен сигнал со тестер.
Чудни ми е да прегори при промена на акумулатор, но да го изгуби подесувањето  за звучен сигнал е многу можно.

И по странски форуми многу се согласни со твојата дијагноза. Ако испадне дека е така тогаш требало да бидеш лекар! Ќе видиме/ќе се видиме идната недела.
Позз
« Последно менување: 29 Март 2011, 21:57:49 pm Obicen »

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #17 на: 30 Март 2011, 13:12:57 pm »
ОК најнови вести.

Имено за проблемот ја контактирав и СЕАТ централата им објаснив што е маката и побарав нели ако овие во МКД неможат (не се опремени/не држат такви резервни делови/ не се обучени) да ми посочат каде во соседството (Бугарија, Грција) да се обратам за помош, сепак МКД е мал пазар и имам разбирање ако не прават нешто. При целиот контакт внимавав да бидам многу polite и секако да не им наштетам на нашите, а и вистина дечките беа многу коректни, што го и напишав во маилот.

Денес стигна маил од СЕАТ и веднаш потоа повик од Ка-Дис, дечкото кој е customer relation (малку беше лут) се обврза дека тој ќе го најде делот и дека после тоа ќе ме информираат за замена.

Сега да чекам!

Не сум пицајзала и не сакам да им правам проблем, ама целата работа е принципиелна, ако СЕАТ неможе да ми сервисира проблем на СЕАТ автомобил тогаш кој може?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #18 на: 30 Март 2011, 17:41:25 pm »
Дабоме :)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #19 на: 30 Март 2011, 18:09:52 pm »
Не разбирам зошто се лутат...македонска работа!
Ако се навредени од твоето обраќање до централата на Сеат, тогаш нека си ја бркаат работата како треба..
Јас ти честитам....браво!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #20 на: 30 Март 2011, 19:19:55 pm »
Честитка и од мене за коректноста...Убав збор железна врата отвара :))
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #21 на: 30 Март 2011, 20:48:45 pm »
Све што не можат во Ка-Дис, правац Порше Скопје. Немој да се изненадиш и поефтини ако бидат.

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #22 на: 31 Март 2011, 08:53:06 am »
Не разбирам зошто се лутат...македонска работа!
Ако се навредени од твоето обраќање до централата на Сеат, тогаш нека си ја бркаат работата како треба..
Јас ти честитам....браво!
И јас не разбирам затоа што тоа што го имам напишано секако им пристигнува и на нив, значи пред нив го имаат пишуваното а ете и што напишав:

According the SEAT official service in Macedonia, on my car try the computer diagnostic is detected broken "system" speaker. So now, my car do not give me sound signal when I turn on my direction indicators (zig-zag), my car also do not apply sounds (ding-ding) when I forgot my headlamp on (when the motor and car are stopped), when I try to move my car with handbrake on, when one or more doors are open . I hope that you understood the problem. Your very polite and excellent official service "Ka-Dis" in Macedonia offers me to replace the whole central console, because they do not replace just the speaker. So my plead for you is to give me instructions where in some neighbor country (Greece or Bulgaria), of course if it is possible, to replace just the speaker not the whole central console. Thank You in advance!

Е тоа е. Интерсно на koli.com.mk се јави и уште еден возач кој го има истиот проблем!

Како и да е благодарам на подршката!
« Последно менување: 31 Март 2011, 09:00:21 am Obicen »

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #23 на: 31 Март 2011, 08:55:13 am »
Честитка и од мене за коректноста...Убав збор железна врата отвара :))

Благодарам на подршката!

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #24 на: 31 Март 2011, 08:57:55 am »
Све што не можат во Ка-Дис, правац Порше Скопје. Немој да се изненадиш и поефтини ако бидат.

Оваа препорака ја слушнав и од друг многу упатен, ке им дадам некое време, а Порше ќе го исконтактирам по телефон секако.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #25 на: 31 Март 2011, 09:44:29 am »
Јас возам Леон од 2004-та. Откако му пројде гаранцијата, во Ка-Дис не сум влегол.

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #26 на: 01 Април 2011, 09:41:26 am »
од друг форум, член чиј ник е како супер возачот од top gear ми го посочи линкот

http://www.bba-reman.com/content.aspx?content=Seat_Ibiza_Dashboard

по се изгледа дека тоа е мана на Ибиците 2007-2008 година, лош добавувач!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #27 на: 04 Април 2011, 08:32:49 am »
Н ензам дали е звучничето или е релето. Нека ја отвори некој конзолата, нека го пронајде дефектниот дел и нека го побара на интермец. Се кладам дека ќе го најдете драстично(1/2 до 1/10 пати) поефтино одошто во било кој официјален сервис.

Патем, можеби ќе откриете дека истото звучниче или реле се користи во Фолксваген па ќе можете едноставно да си купите некое половно до локалните депонии за Гољф.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #28 на: 04 Април 2011, 11:13:27 am »
Испадна дека дефектот не толку редок, туку напротив за сериите од 2007 и 2008 година тоа честа мана. Значи по искуствата од Интернет промената на акумулутарот не е клучниот момент (иако не е исклучен). Значи СЕАТ си ја знае маната. Мене после реакцијата во СЕАТ ми ветија дека тие ќе се потрудат да најдат звучка или поточно warning buzzer. Па да видиме. Во UK има репарирани шалт табли (инструмент табли) и чинат 100 фунти со монтажа ако ја оставиш старата шалт табла. 
Секако патот кој го предлагаш е најлогичниот и но секако се зависи од мајсторот.
Пингав едни битолчани, тие велат дека неможат точно buzzer-от да го најдат од нивни дилери и предлагаат да одам таму и ја отворат шалт таблата и видат на лице место кои се спецификациите на делот, што пак не ми прави.
Се спомнува и повторно репрогамирање на инструмент таблата.
Интерсно практички сите кој ги најдов со ист проблем ги возат колите така неми, демек со тек на време човек се навикнува.
Како и да е ќе известувам за развојот на настаните.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Прегорен звучник на шалт табала на Seat Ibiza 2007
« Одговори #29 на: 04 Април 2011, 11:31:59 am »
тие бузер/базер се со на нив испрограмиран и залемен микро процесор мислам за да го регулира звукот      па така да мислам дека може да се најде од голф 5 истата или слична година  ;)
Поправетеме ако грашам
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)