Автор Тема: Најдобро теренско возило???  (Прочитано 243449 пати)

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг:
« Одговори #1305 на: 03 Ноември 2016, 09:17:35 am »
Па се распрашав дизелот бил Рено А бензинот Јапонски, така да би одел до Јапонецот :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1306 на: 03 Ноември 2016, 13:53:08 pm »
Тој конкретниот 2.0 бензин бил на ланче и иако не било ништо страшно, се растропувало ланчето па да си припазиш на тоа ако воопшто гледаш Витара.

Препорачано е чисто синтетичко масло, никакви полусинтетики, уште помалку минерални масла.

1.9 дизелот бил уствари 1.9 DCi од Рено, во право си. :)

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1307 на: 03 Ноември 2016, 15:24:02 pm »
Тој конкретниот 2.0 бензин бил на ланче и иако не било ништо страшно, се растропувало ланчето па да си припазиш на тоа ако воопшто гледаш Витара.

Препорачано е чисто синтетичко масло, никакви полусинтетики, уште помалку минерални масла.

1.9 дизелот бил уствари 1.9 DCi од Рено, во право си. :)
Фала на советите :)

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1308 на: 22 Ноември 2016, 10:58:37 am »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1309 на: 22 Ноември 2016, 11:38:48 am »
Само да се погоди теренот (мазен и асфалтиран):

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1310 на: 23 Ноември 2016, 10:51:35 am »
Само да се погоди теренот (мазен и асфалтиран):

Што воопшто бара оваа кола во тема „теренски возила“?

Никој не знае? Јас знам: бизарната селско-локална конфузија на концептите „сув“ и „теренско возило“. Од каде таа конфузија? Паааа, пошто така некако ИЗГЛЕДАЛО возилото. Таква екстремна површност кај потполни лаици човек и може да ја разбере (јеби га, толку се разбира, видел крената кола, големи тркала и мисли теренец), ама кога ја промовираат луѓе кои би требало да се ентузијасти и/или експерти - тогаш е тажно.

„Not all SUVs have four-wheel drive capabilities, and not all four-wheel-drive passenger vehicles are SUVs. Although some SUVs have off-road capabilities, they often play only a secondary role“

Кој ви рекол дека „сув“ и „теренец“ се синоними - да ви ги врати парите.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1311 на: 23 Ноември 2016, 11:15:30 am »
Само да се погоди теренот (мазен и асфалтиран):

Што воопшто бара оваа кола во тема „теренски возила“?

Никој не знае? Јас знам:

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1312 на: 23 Ноември 2016, 14:57:11 pm »
 :D  :D  :D  :D  :D  :D

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1313 на: 29 Ноември 2016, 15:21:12 pm »
сакаш теренско возило... најдобро... онда си зимаш тојота ленд крузер, нисан патрол, или лендровер дефендер...  и тоа е тоа.. страшното е што нормален македонец неможе да си го дозволи тоа...

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1314 на: 29 Ноември 2016, 16:44:46 pm »
страшното е што просечниот македонец е убеден дека најдобро тереско возило е Х6 и/или Q7

за мене лада нива е супер за нашите терени.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8691
  • Пичлеме
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1315 на: 29 Ноември 2016, 18:25:50 pm »
сакаш теренско возило... најдобро... онда си зимаш тојота ленд крузер, нисан патрол, или лендровер дефендер...  и тоа е тоа.. страшното е што нормален македонец неможе да си го дозволи тоа...
И Мерцедес Г има солидни теренски способности, ама немам способност да си го купам :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1316 на: 29 Ноември 2016, 18:43:02 pm »
страшното е што просечниот македонец е убеден дека најдобро тереско возило е Х6 и/или Q7

за мене лада нива е супер за нашите терени.
Јоцо со Џипот.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1317 на: 15 Декември 2016, 19:15:54 pm »
Што мислите за Honda CR-V или не е препорачливо за оф роуд? :) Се одлучив за Гранд Витара ама ако земам бензин ќе ми троши многу, боцата плин ќе ми зафати место (ми треба багажник) а дизелот не го есапам бидејќи се жалат од него. Искрено Витарата ми е одлична ама со оглед на тоа дека не може да се исклучи 4х4 троши многу... Планирам тоа да ми биде единствена кола, во принцип се возам низ град, ама пролет лето забегувам и на оф роуд па барам нешто измеѓу, да не е голем потрошувач, да не е многу крута вожња а сепак да има теренски способности. Ја разгледав темава детално, дастери и ниви отпаѓаат во старт. буџет 8000-9000 евра. Не знам Х3 какви се за таа намена, гледам пристапни цени имаат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #1318 на: 15 Декември 2016, 20:01:54 pm »
CRV ти е доста практично. Оди погледни го.
Х3 има подобар погон ама е доста ниско за офроуд.
Паџеро погледни од коцкастиот тој е ептен добар.
Погледни Аутлендер од тој шпицастиот сега се добри со цени ако начекаш таман старост има за половен. А е пристоен со погон за прошетување офроуд.
Исто види како се движи мицубиши асх 4х4 со цена и тој е сличен.
Л200 исто погледни и навара и патфајндер.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1319 на: 15 Декември 2016, 20:11:59 pm »
Нешто за дизел варијанта, иако преферирам бензин + плин, во случајов ќе ми земе багаж. Освен Х3 и CRV другите се или скапи или ламји :) на пример паџеро патфајндер и Л200, кој модел на аутлендер мислиш Дени?