Јас мислам дека не се зема причината главна за купување на СУВ, Кросовер или како сакаш наречи го:
1. Практичност во поглед на товарање разни нешта врзани за начинот на живот на сопственикот.
Дали е тоа исполнување на разни хобија, дали е тоа деца со цела опрема потребна за нив, дали е тоа шопинг некаков , дали е тоа често шетање по викенди или одмори каде што ти треба тој простор.
2. Практичност што ја нуди висината во однос на обична кола. Помага при паркирање на тротоари (со Цитроенот колку и да пазам кога се спуштам од тротоар го подкачувам доле, а Цитроенот не е така ниска кола. Можам да замислам колку е тоа непрактично со ниска кола).
Истата висина, помага и при возење на лоши патишта, и со помалку секирација дали ќе се закачи доле или не, разни викенд тури...
Не е акцентот ставено на возни перформанси туку на практичност, а сепак задоволителни возни перформанси.
СУВ не е за возачки ентуизијасти, туку за некој што сака да стигне од точка А до точка Б, сепак во некакво колку толку квалитетно и удобно возење, и да почне да ги практикува своето ентузијастичко Хоби, шопинг, викенд или што да е.
3. Погонот на 4 тркала (кај оние што го има), прави да полесно се помине во услови на снег, лизгаво. Колку сака нека е тој лош, сум имал пар ситуации каде што јас поминав, другите не (лани кога падна снегот, бев на некој погреб во Бутел. Се качувавме цела поворка од коли нагоре, и цела поворка заглавија (почнаа да се лизгаат и назад, воглавно имаа зимски гуми). Само јас поминав. Не се ова кој знае какви off road способности, ама сепак помага.
Истото ми се случи лани при излегување од подземната гаража во зграда. Едно утро, само ЈАС успеав да излезам.
Јас лично како што ни е градов, не би можел да имам спуштено возило, бидејќи за секодјневното користење ми е многу понепрактично од она што го добивам од таквото возило.
Би имал такво возило, кое што би било второ или трето, и би се користело исклучво за ентузијастичко возење на пат каде што има услови за тоа. Мене лично ми е прекомплицирано пазењето да не го откорнам браникот во нашата средина.
Инаку се слагам дека е тотало без поента да купиш ЕВОК и да го спушташ. Ако веќе сакаш ентузијастичко ауто, купи нешто што е предвидено за тоа, и веќе и спуштено од фабрика заради добри возни карактеристики.
Во секој слујач Дали СУВ или спуштено ауто, зависи од потребите и намените на корисникот. Како што е глупо да купиш СУВ за ентузијастичко возење, така е глупо и да возис спуштена кола а ја користиш по улици со дупки, паркираш по тротоари и слично..
Треба да се избере баш по личните потреби и начин на живот.
Тоа е моето мислење.