Автор Тема: Opel Astra 1.4T 140KS  (Прочитано 34680 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #75 на: 05 Август 2011, 09:38:39 am »
Да напраам еден апдејт на инфо што се дешава со астрава.

Потрошувачката се намали драматично, дали дека се погоди да возам и на отворен пат и дека надминав 10 000 (еднаш до хрватска, 2 пати охрид, еднаш грчка) и сеа просечна вика 9. Со оваа цифра мислам дека се живее.

Ако некого го интересира, не праи разлика моторов со македонски бензин (од која било бензинска, било 95 било 98 сеедно му е) и грчки бензин, да му стаиш адитиви (октанатори) или да не му стаиш - ништо не праи разлика. Можда и има некој бенефит, али изгледа толку е мал што не се осеќа.

Колава малце ја поднаучив, видов до кај и е лимитот и стварно не е лоша што се однесува до држење на пат, мислам не само што не е лоша туку мислам дека е и супер забавна. Дури некад кога ептен ќе претерам и срце ми застанува и чекам да се деси нешто „недај боже“, колава проаѓа ко од шала. Возев голф 6-ка со убава опрема, нископрофилни, убав мотор (TSI 122 коња) и неможев да сватам зашто по сите ривјуа толку го фалат подвозјето на голфот кога во споредба со астрава дури е смешен - ко да е кола од пред 2 генерации. И заклучоков е од мене што сум пристрасен кон голф и коа го глеам од надвор и внатре стварно ми е неспоредливо најубав во таа класа. А ете, можда ја се научив на астрава па не го контам голфот, незнам.

Ама, тоа крцкањето што го снема сеа пак се појави и тоа не да се појави - стана оркестар! Више незнам од која страна крцка, тропка, цвичи, квичи дури и на рамен новоасфалтиран пат. Ја однесов еднаш на сервис за тоа. Од кај ти крцка викаат? ОД КАДЕ НЕ ВИКАМ, ама највише ми смета од централната конзола. Ок, го средија тоа ставиле некои мали сунѓерчиња и сеа од таму нема звуци. Али затоа сеа од кај брзиномерот, пластиката на средина кај мењачот и наслонот за рака, од позади нешто што неможам да го лоцирам и сеа од вчера најново е што почна тоа кожата од возачкото седиште од нешто да се трља и праи некој звук абе неподнослив.
До толку не ми праи тоа крцкањето ќеф што веќе размислувам да се откачам од неа...

Ако сакаш да се мењаме кажи, 30000 км имам поминато ;) Еве колегите што ја знаат нека кажат каква е :P Ни крцка ни бутур - спие :) http://www.carclub.mk/index.php/topic,145.0.html
« Последно менување: 05 Август 2011, 10:34:49 am djidji »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #76 на: 05 Август 2011, 09:42:38 am »
Гастон другарче, ти кажав во првите постови само што ја зема Астрата. Почекај да се сменат сите сезони. ТИ ја зема на пролет, сега помина летово, горештини ја фатија, сега треба зимата да ја фати и ќе си се намести се што крцка и нема повеќе да крцка. 9 литра е многу солидна потрошувачка за тој мотор и толку голема кола. Ако ти е за утеха, нова Фиат Линеа, Фолксваген Поло, Туарег, Фокус 2010 секаде крцкаше кога беа нови. После година дена се си се намести и сега кај ниедна кола нема крцкање. Крцкањето е предвидено од страна на производителот. Ако сега не крцка воопшто таа кола е премногу стегната и ќе прокрцка после неколку години.

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #77 на: 05 Август 2011, 09:44:39 am »
Да напраам еден апдејт на инфо што се дешава со астрава.

Потрошувачката се намали драматично, дали дека се погоди да возам и на отворен пат и дека надминав 10 000 (еднаш до хрватска, 2 пати охрид, еднаш грчка) и сеа просечна вика 9. Со оваа цифра мислам дека се живее.
Здраво Gaston,
Тоа просечна 9 ти е сега градска или тогаш на автопат ти била 9?
Поздрав.

Отсутен Gaston

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #78 на: 05 Август 2011, 09:56:52 am »
Добро друже Фаланга, види, мене што ми иде тоа да ја мењам е што има моменти коа сакам да лупнам глава од волан кога ќе чујам некој нов звук... ај ќе приберам нерви, ќе видиме како ќе напредува тоа.

А вредноста од 9 е сеа на борд. Пред да тргнам прв пут на отворен пут беше висока цифра, сеа више не ја памтам, на автопат кога ја извадив почна таа цифра да паѓа, бев до хрватска и назад, грчка назад, охрид нели и тогаш падна на 8,9 просечна, сеа више 2 недели сум низ скопје само (нема гужва јебига градов е празен) и застана на 9 просечната.
Види, мислам дека коа ќе почнат гужвите у септември ќе се качува пак сигурно ако ич не искачам на отворено тој период.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #79 на: 05 Август 2011, 10:10:08 am »
Види, мислам дека коа ќе почнат гужвите у септември ќе се качува пак сигурно ако ич не искачам на отворено тој период.
11л да ти вади во град низ гужвите пак е добар резултат за тој мотор и таа каросерија. Башка зависи многу и како ја возиш. Претпоставувам има релативно ниско профилни гуми таа нели? Толку ќе да е, 11-12л за тон ипол кола со 140кс и мотор направен да трае е добро. Ако ти е многу си требал да мислиш порано. Мојата троши 6,6 во град во најголеми гужви, ама жртвата е мало возило и 800 кубика јебига. Не може да се ебеш а да нејќеш да ти влезе... :D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #80 на: 05 Август 2011, 10:12:12 am »

Може....купи си АСХ, исто толку троши само Дизел. ;D
Така да ем ќе се ебеш, ем нема да ти влезе! ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #81 на: 05 Август 2011, 10:17:27 am »
Може....купи си АСХ, исто толку троши само Дизел. ;D
Така да ем ќе се ебеш, ем нема да ти влезе! ;D
Разликата во овој случај ќе биде што кога ќе го купуваш дооообро ќе ти го натегнат, а после само поплитко ќе те работат. Па сега ти види како ти се допаѓа повеќе :D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #82 на: 05 Август 2011, 10:22:02 am »
Може....купи си АСХ, исто толку троши само Дизел. ;D
Така да ем ќе се ебеш, ем нема да ти влезе! ;D
Разликата во овој случај ќе биде што кога ќе го купуваш дооообро ќе ти го натегнат, а после само поплитко ќе те работат. Па сега ти види како ти се допаѓа повеќе :D

Епа нели не може! ;D
Може се, само зависи колку си спремен да платиш за да не ти влезе до даска, а што си ебан ебан си и ти со конзервата и јас со пикапчето! ;D

Отсутен Gaston

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #83 на: 05 Август 2011, 10:22:26 am »
Абе... нека троши, нек си ебе матер :)
Види не се замарам превише со потрошувачка, али првите бројки беа шокантни... овај, колку и да не ме замара тоа, ипак фино е да видиш разумна бројка.

Што се однесува до мене, дизел нема да купам никогаш во животов (освен ако ми треба агрегат некад), пре би купил електрична кола неголи такво нешто. Влегов еднаш у BMW тука у скопје, се врткам низ салон, сите коли дизел што беа изложени... си викам - влегов у BMW салон, а ниедно BMW не видов! Ужасно е што се не прават луѓево за намалена потрошувачка. Тоа е единствена причина што се вози дизел. Реално друга не постои. Приказни од тип - „ти си возел ли дизел од нова генерација“ ми се бесмислени. Каков дизел? 2.0ТДИ и тоа битурбо некој? Ок... ај 2.0 битурбо бензинец запали и спореди. Ќе се усереш у гаќи што ќе ти се деси. Али тоа е... човечки е да го браниш својот став без оглед колку и да е бесмислен :)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #84 на: 05 Август 2011, 10:25:49 am »

Праевте муабет за потрошувачка ?
БТЊ...никој не ти рече да си купиш дизел...на Фаланга се однесуваше.
Вози си бензинче и уживај си, ама не гледај многу на борд, нема смисла да возиш бензинец со 140 кс и да гледаш на борд, НЕЛИ?

Отсутен Gaston

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #85 на: 05 Август 2011, 10:30:17 am »
Оу не се љути бе друже, муабет си праиме, форум е. Јас апослутно дека ќе си возам бензинче исто како што ти ќе си возиш дизелче. Знам, џабе е да се дискутира на оваа тема, зашто може само да се искараме и никаков заклучок да не се донесе. Тоа ти е исто ко да се караш дали ќебапите на Рио или на Дестан се бољи.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #86 на: 05 Август 2011, 10:32:17 am »
Дестан!

Отсутен Gaston

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #87 на: 05 Август 2011, 10:32:55 am »
нема смисла да возиш бензинец со 140 кс и да гледаш на борд, НЕЛИ?
Еј друже, ја сеа можам да ти кажам дека нема смисла да возиш дизел и да кажуваш како забрзува и како иде. Немој. Ај да прекинеме нешто пред да почне.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #88 на: 05 Август 2011, 10:36:18 am »
Ќебапите во „Пчела“ во Чаир се убедливо НАЈДОБРИИИИ !!!!

п.с. дефинитивно се знае дека дизел се зима за намалени главоболки во месечниот биланс за категорија фосилни горива ;) :D :D :D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #89 на: 05 Август 2011, 10:36:42 am »
Оу не се љути бе друже, муабет си праиме, форум е. Јас апослутно дека ќе си возам бензинче исто како што ти ќе си возиш дизелче. Знам, џабе е да се дискутира на оваа тема, зашто може само да се искараме и никаков заклучок да не се донесе. Тоа ти е исто ко да се караш дали ќебапите на Рио или на Дестан се бољи.

Абе какво карање....ни на крај памет не ми паѓа...нити сум го бранел некогаш слепо дизелот нити ништо...може така ти изгледаше постот...немам намера да се расправам само сакав да ти кажам пошто гледам изреагира за дизелот одма, дека не се однесуваше за тебе.
Да не бидеме контрадикторни нели...да возиме бензинец со 140 кс а да гледаме на борд не оди некако...бар за мене !