Автор Тема: Opel Astra 1.4T 140KS  (Прочитано 34653 пати)

Отсутен Gaston

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Opel Astra 1.4T 140KS
« на: 23 Март 2011, 22:28:37 pm »
Здраво дечки, моја прва тема :)

Имам ваква Астра, како во насловот... 1.4турбо, 140кс, 200Нм, па сакам да чујам муабети од други луѓе со овој мотор или од некој што знае за примеров.
Мојата е иначе Космо изведба ако тоа има некаква врска (можда опремата ја мења тежината), со 18ки бандажи (гуми 225/45) и доплатив за фабричко спортско вешање (не флексрајд - оваа само е спуштена и потврда).
Ја во целина сум задоволен од колава - супер иде, супер држи, убаво звучи моторот (ко за толку мала литража има супер звук), али има неколку мани.
- Цела зима пластиката крцкаше од сите страни и нерви ми скина. Сега се стопли и скроз се стиши, баш ништо не крцка али очигледно се до наредната зима.
- Предните столбови (А-пилари) се многу дебели и ептен кратак видик, често морам да се изместувам цел и да се кривам у вожња за да видам дали има пешак или точак или шознам.
- Воланот има преголем дијаметар и некако го квари цел впечаток внатре.
- Тешка е премногу за таа класа - 1503 кила имаше на спецификација кога ја мереле за утовар на камион, да имала 5 литри гориво у неа значи скоро 1500.
- И најголемата мана која е веројатно врзана со тежината, а можда и не... троши ко луда.
Градска 13 литри!
Отворен пат (Скопје - Солун) со различни режими на возење (негде возев 80, негде 100, а негде и 200 ама кратко) потроши 9,5 литра зимово.
Незнам дали летово и плус откога ќе надмашам 10000км (сеа иам цирка 4500) ќе се смени нешто.
Мене ипак ми се чини дека ова е ненормална потрошња, или?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #1 на: 23 Март 2011, 22:40:58 pm »
Честито прва тема, и честито количе :)

Јас лично ја немам возено баш таа Астра, а и’ се мерачам веќе извесен период... Имам разбрано и дека покрај 140 КС и турбо машина, пак е тромава, пошто е правена од олово и осиромашен ураниум :) Се зезам, нормално, али најискрено, стварно не ми е јасно зашто е толку одвратно тешка.

Е тоа со крцкањето, ја го приметив кај 1.6ката, и кај Инсигнијата сефте кога ја донесоа.. Такво нешто, поготово за модерна германска кола, е апсолутно неприфатливо, и не знам на што се должи.

Прегледноста и’ е прилично ограничена ради А и Ц носачите, пошто се одвратно широки, а башка спуштачката „купе“ линија на кровот према позади, и ниското задно стакло, не помагаат баш :-/

За трошењето... Што знам... претпоставувам дека не ја имаш долго време, па остај малце да си „легне“ машинчето... Би требало да се нормализира потрошњата...

Толку ми текнуе у моментов :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Gaston

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #2 на: 23 Март 2011, 22:55:45 pm »
Фала на честитките :)
А иначе тоа што си чул дека и покрај 140 коња е тромава е донекаде точно. Види, иде она убаво, велешко брдо го искачува со 180 без мука, али убрзањата не и се ко да има 140 коња под себе... некако нема ентузијазам у себе, тоа е факт. Но јас сум сепак задоволен. Читав овде еден пост - еден дечко мерел претходна астра на дино и покажал 10 коња помалце од декларираната. Ако они имаат традиција да ги мерат коњите на сите нивни коли како во неговиот случај тогаш можда и овде е слична приказната.
Крцкањето да, недозволива ствар на нова германска кола али еве вистина е дека повеќе не крцка откако се стопли. Некој ми кажа дека опел користи нискоквалитетна рециклирана пластика што е можда и вистина и причина за крцкањето.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #3 на: 23 Март 2011, 23:54:49 pm »
За мерење не се секирај зошто 90% од колите им фалат 10ина посто коњи. Тоа е факт и не треба да те разочарува. Имаш супер кола па уште и космо така да спиј си мирно. Ич да не ти е галје колата е топ. Не ми е јасна тежината ама сите се се потешки и потешки, само овој пат таа испадна најтешка. Жално навистина. Ама тоа е. Напиј се еден б-комплекс и ќе ја симнеш потрошњата на 10 литри. Сите среќни и Астрата во гаража! ;D

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5501
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #4 на: 24 Март 2011, 00:01:04 am »
Фала на честитките :)
А иначе тоа што си чул дека и покрај 140 коња е тромава е донекаде точно. Види, иде она убаво, велешко брдо го искачува со 180 без мука, али убрзањата не и се ко да има 140 коња под себе... некако нема ентузијазам у себе, тоа е факт. Но јас сум сепак задоволен. Читав овде еден пост - еден дечко мерел претходна астра на дино и покажал 10 коња помалце од декларираната. Ако они имаат традиција да ги мерат коњите на сите нивни коли како во неговиот случај тогаш можда и овде е слична приказната.
Крцкањето да, недозволива ствар на нова германска кола али еве вистина е дека повеќе не крцка откако се стопли. Некој ми кажа дека опел користи нискоквалитетна рециклирана пластика што е можда и вистина и причина за крцкањето.
Stavi sliki od dzverceto.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #5 на: 24 Март 2011, 00:18:26 am »
Ај добре ни дојде. Дефинитивно да закачиш слики од болидот.

Инаку моторот е сосема пристоен, т.е. далеку над просек за наши стандарди. Здравје, повозија каква што е сега, па кога ќе ја навикнеш ќе размислуваш за надградби. На форумов имаш чоек со многу знаење, искуство и овластен сервис за Опел каде ќе добиеш професионална услуга за фер и пристојна цена. Ќе го најдеш под никнејм Marsher или во подфорумот пријатели/соработници Autoprestige. Сигурен сум дека може да направи чуда од твојот автомобил.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #6 на: 24 Март 2011, 09:38:27 am »
Поздрав до тебе, количето е супер, со здравје да си го возиш.
Те читам и заклучив дека си малку цепидлака како мене...да простиш. :)
И мене ми смета се во кола, секое крцнување, секо чкрипнување, буквално се па ги малтретирам оние во МАК на секое одење до Скопје.
Ама ич да не се секираш за крцкањето. И кај мене зимно време крцкаше и фиоката и малку од страните на шал таблата, поготово кога стои колата подолго време надвор.
Малку ја управија на сервис, малку од што се стопли времето и сега не крцка.
Нова опел Инсигниа купена пред 4 месеци, крцкаше внатре зимоска како да е возена 200.000. Се имам повозено во неа неколку пати и баш ја намалував музиката за да слушнам од каде иде крцкањето. Најсилнот звук доаѓаше од шал таблата.
И ако ти е за утеха, не е само кај Опел. Форд Куга стар неполнаа година, исто крцкаше зимоска кога ме возеа, Пасат ЦЦ исто знае да закрцка на нерамнини, не многу ама чат пат се случува. Така да....уживај!

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #7 на: 24 Март 2011, 09:55:50 am »
Честито. фина кола, со коректен мотор и солидни перформанси.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #8 на: 24 Март 2011, 10:23:32 am »
Честито количе подобро здравје.
Тоа што крцка да не те плаши зошто до година нема да крцка. Крцка не заради лошата пластика туку заради врзивните елементи. Бидејќи е нова колата треба да помине еден циклус на годишни времиња и неколку иљади километри за да си легнат сите врзивни елементи и ќе престане да крцка. Ако ти служи за утеха така е и кај Мерцедес од 90.000 евра кој го возев и неверојатно ме нервираше, но престана после година дена.
Потрошувачката е сосем нормална. 13 литра во град за мотор од 140кс воопшто не е многу. Сите што ти викаат дека нивните ѕверови од 2000 кубика дека трошат 10-11, лажат за 3-4 литри. Проверено.

Во врска со тежината се сложувам дека е маана. Според мене следно што треба да направат авто-индустриите е да престанат да се глупираат трошејќи време и пари на кој знае какви мотори и хибриди и да почнат да истражуваат со нови поцврсти и полесни материјали. Ако успеат да ја симнат масата на некоја кола за 50% тогаш ќе му дојде исто како да ја зголемиле ефикасноста на моторот за 30-40% што е практично невозможно.
Не велам дека треба да се дедицираат на масата и материјалите, но мислам дека дури назадува индустријата на тоа поле.

Дај фотки и веда да видиме.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #9 на: 24 Март 2011, 10:42:43 am »
Јас мислам дека се премногу 13 литри градска за 1.4l турбо-бензински мотор на таа шасија. Најверојатно вози на кратки релации, во гужва и има по-агресивна динамика на возење.

Мој пријател има Passat 1.4TSI и нему потрошувачката во град зимово му е околу 10.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #10 на: 24 Март 2011, 10:55:49 am »
Има многу врска каде и кога се вози низ скопје. Башка претпоставка е дека Гастон точно пресметува. Башка зимно време.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #11 на: 24 Март 2011, 11:03:01 am »
Јас мислам дека се премногу 13 литри градска за 1.4l турбо-бензински мотор на таа шасија. Најверојатно вози на кратки релации, во гужва и има по-агресивна динамика на возење.

Мој пријател има Passat 1.4TSI и нему потрошувачката во град зимово му е околу 10.
Точно. Ја гази многу и затоа е 13, штом ТСи во Голфот е 7 и во Пасат 10. Ова треба да е околу 10. Ќе се потсмири и ќе биде 10.

Отсутен Gaston

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #12 на: 24 Март 2011, 15:59:48 pm »
Фала на сите на честитките и добродошлицата. Добре најдов.

Слики ќе ставам секако, ама морам да ја сликам после перење одма зашто е црна и за 2 саати се праи бербат по скопскиве прљавштини.
Тоа со крцкањето стварно ми идеше на нерви, а може ко што вика Sportex сум цепидлака и превише го тупам. Среќа што престана да крцка... иначе тој мерцедес од 90 иљади шо крцкал... незнам што да кажам, ја би се изел жив тоа да ми се дешава, али штом легнал ондак топ.

За потрошувачкава, не сум ја мерел јас онака да напунам резервоар, да поминам 100км па да допунам, туку гледам од борд компјутер просечна што вика. А иначе да, возам на многу кратки релации кои се нон стоп тргни застани, а дека возам поагресивно... ми се дешава, но не мислам дека е тоа доволно често за да ја качи толку. Ај ќе видиме сеа, еве лето дојде :)


 

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #13 на: 24 Март 2011, 17:27:51 pm »
убаво количе со здравје да си го возиш. за крцкањето мене гетцот година и пол накај 2 стар зимово ми крцкаше ама позади негде од кај задните седишта доаѓаше ваљда негде измеѓу задната врата и гепекот и еве го стопли времево не крцка више така што можам да констатирам дека кај повеќето коли зимно време се јавува тоа крцкање а не да нервира у пизду матер за потрошњата мене на почеток првите 2-3000км ми трошеше може и 11 ама спадна на 9 зимно време на минус температури пролет лето не иде појше од 8 8 и пол со клима ако возам, така што и потрошувачката не треба да те загрижува ќе падне. иначе доста често насабјле околу 8 се погаѓам со една црна астра турбо со 18ки застануваме и двајцата кај макпетрол/аутомакедонија па да те прашам да не си ти случајно со таа астра :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra 1.4T 140KS
« Одговори #14 на: 24 Март 2011, 18:24:25 pm »
Кими, абе точка, запирка нешто? Голема буква да протрчаше некоја? ;)