Прашањево ми го постави денес едно пријателче и не знаев баш што да му одговорам па реков ај да прашам овде.
Пријателов има Порше Кајен 2003, Турбо со 450 коња, В8 4500 кубици. 270 илјади поминато, купено возено во Швајцарија, го кошташе 120 илјади евра, сервисна книшка секогаш одржувано во Порше. Планира да доаѓа летово на одмор и воедно го продава џипот. Прашањето е, дали мислите дека е реално да очекува да го продаде џипот за 1 месец во Македонија (дали воопшто да доаѓа со колата). Инаку би му барал околу 13-14 илјади евра на странски табли, да не знае некој колку би требало царина данок ова она за да се префрли на македонски?
Моето мислење е дека иако цената е примамлива ќе му требаат барем 5-6 месеци да најде купец...
Што мислите вие?