Автор Тема: Продавање на Порше Кајен  (Прочитано 6867 пати)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Продавање на Порше Кајен
« на: 03 Август 2012, 22:04:51 pm »
Прашањево ми го постави денес едно пријателче и не знаев баш што да му одговорам па реков ај да прашам овде.

Пријателов има Порше Кајен 2003, Турбо со 450 коња, В8 4500 кубици. 270 илјади поминато, купено возено во Швајцарија, го кошташе 120 илјади евра, сервисна книшка секогаш одржувано во Порше. Планира да доаѓа летово на одмор и воедно го продава џипот. Прашањето е, дали мислите дека е реално да очекува да го продаде џипот за 1 месец во Македонија (дали воопшто да доаѓа со колата). Инаку би му барал околу 13-14 илјади евра на странски табли, да не знае некој колку би требало царина данок ова она за да се префрли на македонски?

Моето мислење е дека иако цената е примамлива ќе му требаат барем 5-6 месеци да најде купец...

Што мислите вие?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #1 на: 03 Август 2012, 22:08:18 pm »
Таа цена звучи доста примамливо, само за мене, премногу километри ...

Ја мислам дека може да го продаде, само да го огласи порано ...

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #2 на: 03 Август 2012, 22:25:03 pm »
Да, километрите се големи ама 99% од нив се на автопат.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #3 на: 03 Август 2012, 22:38:58 pm »
Zosto da ne go oglasi uste sega preku tebe so kontakt?

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #4 на: 03 Август 2012, 22:45:01 pm »
И тоа е опција. Ќе му речам да направи фотки. Само ме плашат денгубари кои се јавуваат од пазар3 по вакви бесни коли колку да се јават и да се провозат... Да не испадне да ми се јават 20 души а никој ни од нив ни банка за купување.

И да дополнам, доколку некој од форумов може да се наметне како посредник и да најде купец без проблем 5% награда следува од продажната цена, ако некој успее да најде купец спремен да плати малку повеќе од она што се бара повеќе премија за посредникот...

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #5 на: 03 Август 2012, 22:56:37 pm »
Фино лепо ќе им кажеш, додека не пуштат рака за цена да се договорите дека нема возење ќе кажеш дека многу такви доаѓаат што само сакаат да се возат и затоа мораш да се заштитиш.
 Јас лани продадов неколку возила на тој начин, одпочеток имаше такви бадијалџии само дај да возам или ќе исчепка се и после не ми се свиѓа ако гледав дека замараат го заклучував возилото ако беа сериозни преговараа со мене ако не си заминуваа.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #6 на: 04 Август 2012, 01:33:52 am »
270.000 за тој мотор со сервисна книшка се мачкина кашлица
а за купец најлесно ќе дознаеш ако го огласиш
за пробување можеш многу културно да постапиш и да му кажеш остај ги парите кај мене па ќе го пробаме

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #7 на: 04 Август 2012, 02:18:53 am »
270.000 за тој мотор со сервисна книшка се мачкина кашлица
а за купец најлесно ќе дознаеш ако го огласиш
за пробување можеш многу културно да постапиш и да му кажеш остај ги парите кај мене па ќе го пробаме

13.000 Е? I dont think so ...

Отсутен BEST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 270
  • BMW 330D facelift
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #8 на: 04 Август 2012, 02:42:35 am »
никој не ти остава пари пред време... едноставно се проценува кој е посериозен а кој не.. на крај краева мораш да провозиш и некој кој не е сериозен, и тоа е дел од бизнисот, не знаеш 100% дали не е сериозен а кога веке го продаваш нормално е да го пробуваат луѓе...
А иначе давачките за тој џип во државава ке бидат над 6000еур за царина и данок (да не бидам суров, можеби и 10000 еур...)
Јас за Е46 330Д од 2003 година (декември) со 204 коња платив 2500 еур царина и данок па сеа ти види...
таа Е46 нова била 35.000 еур, а тој Порше џип бил 135.000 еур :) :) :)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #9 на: 04 Август 2012, 04:23:18 am »
Најпаметно би било да се огласи уште сега, па ако има заинтересираност да се каже кога стига возилото и дека тогаш може да се види...


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #10 на: 04 Август 2012, 09:19:35 am »
Ако си решил да продаваш нешто секој муштерија мора да го гледаш со почит. И што е една вожња за таква мрцина од кола.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29589
    • CARclub.mk
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #11 на: 04 Август 2012, 10:50:29 am »
Царината, данокот и акцизата се пресметуваат според цената на возилото, не според коњажата. Во секој случај, 5-6000 евра не бегаат, најмалку.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #12 на: 04 Август 2012, 11:00:43 am »
Абе не е никаков проблем да се даде вожња на сериозен купувач кој стварно има желба да го купи, секако е возможно да се даде на неколку часа идниот сопственик да го провози сам бар 100тина километри, да го однесе на сервис да си праша мајстор, без никаков проблем.

Проблемот ми е ако ми се јават 20 денгубари кои немаат никаква намера да го купат а ќе сакаат само да се провозат и тоа ќе створи лажна слика дека има голем интерес и само ќе се изгуби времето безвезе, тоа ми е зборот.

Инаку пред некоја година кога го посетив музејот на Порше во Штудгард имаа 928 со 750 илјади поминато само со редовни сервиси... Беше на дисплеј некоја недела пред да му направат сервис...

Отсутен BEST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 270
  • BMW 330D facelift
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #13 на: 04 Август 2012, 14:05:34 pm »
вака, ке ги провозиш сите ако треба на некоја улица а не знам треба да си налудничав да го дадеш да го возат без твое присуство (без присуство на сопственикот) тоа е ризик ептен некако, што ако некој од тие „заинтересираните“ е некој крадец на коли, ја однесе дирекно во гаража кај него и веке никогаш нема да го видиш :)

Нека плати, па ти дај му 7-10 дена гаранција дека може да го врати и да си ги добие парите назад, тоа веке држи вода...

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Продавање на Порше Кајен
« Одговори #14 на: 04 Август 2012, 16:30:13 pm »
Вакво возило бара купец со длабок џеб, така да долго време ќе треда за да се продаде.