Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3417492 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Повторно ќе биде во утробата на мајка си :D


Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Битно неа нема да ја жуља каишот. :D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Kласика како за форумов, згазен пешак и автоматски сите уште на невидно го бранат шоферот... А потоа првиот што ќе каже дека шоферот во таква ситуација не може да не е крив, јаде критики од сите по ред.

Сме го правеле муабетов повеќе пати, неколку пати реков дека возачите имаат дупло поголема одговорност од пешаците. Пешаци се и: старци, болни, слепи, инвалиди, деца, итн... Луѓе кои не се секогаш способни за правилни одлуки и соодветни реакци. Еве баш соодветен пример за тоа, пошто женава да имала 20-тина години помалку ќе успеела да рипне на страна.

Шоферот најверојатно одел пребрзо во рикверц (сум гледал чести примери) и не гледал доволно внимателно, слепи агли има ама да внимавал требало да го слушне макар викањето од жената кога првично ја бутнал. Но приметил дури кога разбрал дека е комбето е качено на нешто. Нема што тука да се брани, крив е во било која замислива варијанта освен ако женава не извршила самоубиство (за што ваљда не морала прво да оди да пазари и да носи кеси со продукти).

Колку што е точно дека секој прво за себе е одговорен, и дека на жената и е сега сеедно што шоферот е крив и ќе добие кривична за убиство од небрежност, така е точно и дека шоферот е крив и дека треба да биде ригорозно казнет - за памет и на сите што управуваат со превозни средства (или било што друго). Невниманието во сооброаќајот никогаш не било оволку големо и сеприсутно, ваквите случаи се добар показател за тоа.
« Последно менување: 18 Август 2017, 14:01:08 pm Van »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Факт е дека шоферот на комбето одземал живот. Сигурен сум дека не сакал да го стори делото, и можеби не бил свесен дека прави дело, но ете биднало.

Жената е мртва.

Сега судбината на шоферот е во рацете на судските органи.

Истите судски органи кои што:
- му пресудија два месеци условно на Урко кој што уби моторџија со тоа што му пресече патека на движење преку две полни линии на булевар.
- му пресудија смешни неколку месеци затвор на Ален кој што разнесе дедо на партизанска со брзина кој што е својствена на автопат

Сега во оваа ситуација, законот за возачот на комбето ќе биде ригорозен и ќе го фукнат 5 години во ќорка, а можеби и повеќе.

Алачки ја заборави.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
И оној со поршето од gumball  ;D

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
И оној со поршето од gumball  ;D
Тој поштено си плати, 1 МК живот = 250фче ако добро се сеќавам. Добра цена.


Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Сите поштено си плаќаат и кај нас и на други места низ светот. Тоа е "придобивката" од капиталистичкото уредување.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3928
Kласика како за форумов, згазен пешак и автоматски сите уште на невидно го бранат шоферот... А потоа првиот што ќе каже дека шоферот во таква ситуација не може да не е крив, јаде критики од сите по ред.

Сме го правеле муабетов повеќе пати, неколку пати реков дека возачите имаат дупло поголема одговорност од пешаците. Пешаци се и: старци, болни, слепи, инвалиди, деца, итн... Луѓе кои не се секогаш способни за правилни одлуки и соодветни реакци. Еве баш соодветен пример за тоа, пошто женава да имала 20-тина години помалку ќе успеела да рипне на страна.

Шоферот најверојатно одел пребрзо во рикверц (сум гледал чести примери) и не гледал доволно внимателно, слепи агли има ама да внимавал требало да го слушне макар викањето од жената кога првично ја бутнал. Но приметил дури кога разбрал дека е комбето е качено на нешто. Нема што тука да се брани, крив е во било која замислива варијанта освен ако женава не извршила самоубиство (за што ваљда не морала прво да оди да пазари и да носи кеси со продукти).

Колку што е точно дека секој прво за себе е одговорен, и дека на жената и е сега сеедно што шоферот е крив и ќе добие кривична за убиство од небрежност, така е точно и дека шоферот е крив и дека треба да биде ригорозно казнет - за памет и на сите што управуваат со превозни средства (или било што друго). Невниманието во сооброаќајот никогаш не било оволку големо и сеприсутно, ваквите случаи се добар показател за тоа.
Ако пешаците се стари нека си седат дома или во дом а не некој да ги носи на душа, шоферот ако имал пуштено клима и радио мисли си дека ке слушне нешто? Ти брат изгледа поголемо од кола не ни имаш возено затоа мрчите по форум, јаки сте само на тастатура

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Полека малку со заклучоците, седите пред компјутер, ви излегува вест дека се случила ете сообракајка и сите веднаш заклучувате аха тој со комбето вака така или аха таа старата вака така. А реалноста може да биде многу поинаква.
Пример оној што со камион изгази старец кај окта бензинската на булевар Србија.
Седејки пред компјутер, без да знаете што точно се случило, можете секаков заклучок да си донесете онака како што ви одговара во моментот.
А реалноста е дека конкретно тој случај било самоубиство, потврдено и од страната на полицијата која кога дошла на местото на настанот и откако го утврделе идентитетот на старецот било потврдено дека тој и претходно бил регистриран како случај кој сакал да се самоубие на тој начин, со фрлање под возило, веке бил пријавуван во полиција од страна на други луге кои ја избегнале сообракајката од него.
Значи тој настан бил следен: Возачот на камионот стоел, колона чекале семафорот да отвори. Кога се отворил семафорот, нели сите тргнуваат и во тој момент овој возачот почувствувал дека камионот нешто му прегазува. Испаднал од камионот и тоа е тоа, видел прегазено тело.
Дошла полицијата, утврдено е од сведоци дека сите стоеле и дека случката е после тоа тргнување на зелено светло, плус како што кажав стариот бил познат на полицијата по самоубиствените обиди, и возачот не доби никаква казна.

Затоа не донесувајте заклучоци седејки пред компјутер онака како што ви одговара во моментот затоа што секој случај/сообракајка е приказна за себе, неможе да се прави корелација на една со друга сообракајка седејки дома без да ги имате сите потребни информации и докази за тоа како и што довело до настанување на истата.
Поздрав и имајте убав ден.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Многу е полесно да се јаде гомна без да се има доволно појма, отколку да се седне малку, да се размисли, да се разгледа ситуацијата од сите агли, и што би се рекло, да се туриш у кожата на другиот, па затоа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Полека малку со заклучоците, седите пред компјутер, ви излегува вест дека се случила ете сообракајка и сите веднаш заклучувате аха тој со комбето вака така или аха таа старата вака така. А реалноста може да биде многу поинаква.
Пример оној што со камион изгази старец кај окта бензинската на булевар Србија.
Седејки пред компјутер, без да знаете што точно се случило, можете секаков заклучок да си донесете онака како што ви одговара во моментот.
А реалноста е дека конкретно тој случај било самоубиство, потврдено и од страната на полицијата која кога дошла на местото на настанот и откако го утврделе идентитетот на старецот било потврдено дека тој и претходно бил регистриран како случај кој сакал да се самоубие на тој начин, со фрлање под возило, веке бил пријавуван во полиција од страна на други луге кои ја избегнале сообракајката од него.
Значи тој настан бил следен: Возачот на камионот стоел, колона чекале семафорот да отвори. Кога се отворил семафорот, нели сите тргнуваат и во тој момент овој возачот почувствувал дека камионот нешто му прегазува. Испаднал од камионот и тоа е тоа, видел прегазено тело.
Дошла полицијата, утврдено е од сведоци дека сите стоеле и дека случката е после тоа тргнување на зелено светло, плус како што кажав стариот бил познат на полицијата по самоубиствените обиди, и возачот не доби никаква казна.

Затоа не донесувајте заклучоци седејки пред компјутер онака како што ви одговара во моментот затоа што секој случај/сообракајка е приказна за себе, неможе да се прави корелација на една со друга сообракајка седејки дома без да ги имате сите потребни информации и докази за тоа како и што довело до настанување на истата.
Поздрав и имајте убав ден.

Паметна дума колега Фило, нека стои уште еднаш тука случајно некој да не ја прочитал.

Абе увидот уште  не е завршен како што треба а ние тука на форумот како експерти за сваштологија јадеме трици зошто била виновна жената или возачот. Дај бе немојте да носите заклучоци предвреме без да ги знаете сите факти, оставете тоа на стручните лица што се платени за тоа.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
За што да чекаме заклучоци, дека ја направил постер на асфалт ?

Ако си шофер на товарно возило треба и нешто поголема одговорност и пазење а не Венци-Утовар-Истовар.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Не треба да носиме никакви заклучоци без да ги знаеме сите факти и предвреме да не осудуваме никого.

Само за илустрација, на колега татко возејќи Куманово - Паланка при 90км/ч, со уште четворица патници внатре, од грмушките кај м.в. Војник му излегува некој дедо т.е му се фрла пред кола. Човекот сакал да си ги скрати маките. Возачов немал воопшто шанса да реагира и го направил постер како што велиш ти. Патниците т.е сведоците истото го кажуваат. Пошто на колегава татко не му е братучед на Урко го осудија година дена затвор затоа што одзел човечки живот од небрежност. Семејството на починатиот плус го тужат приватно.  Си одлежа човекот, психички падна пошто носи човек на душа за нешто што ниту сакал, ниту помислувал дека ќе му се деси, ниту можел да го избегне.

Затоа велам, треба да ги знаеме сите факти а нив ќе ги знаеме кога ќе заврши постапката па дури тогаш може да се правиме експерти. Ова го зборам без да го бранам или напаѓам возачот или жената.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Ховитз е видно вознемирен пошто случката е во дебар маало и многу форца удрија против другар му од сдс, повеќе од очигледно е колку е нервозен.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Како успеа и тука да ги убациш сдс, стварно не ми е јасно.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.