Уз пат ќе си ја изгубиш колата (се продава од страна на државата) и ќе платиш казна 10 проценти од целокупното богатство..
Може некој линк за ова, не можам да најдам...
http://www.bbc.com/news/world-europe-10960230Еве ти уште еден линк, а ако изгооглаш за највисоки казни во светот, неколку од нив се во Швајцарија.
Ако направиш голем прекршок, на пример возиш над 30км од дозволеното, нема фиксна казна.. Одиш на суд и судот ти пресудува казна, која у ниеден случај не е тенка.. Првите неколку ќе ти поминат како дебели но нормални и без последици..Освен што ќе те заведат неколку години во регистар како опасност за оптштеството.. Оди најди стан за рент после тоа.
Ако продолжиш да правиш повторно прекршоци, ондак се тоа се накачува. Пред извесно време другар мој доби казна од 10к франака поради што 7 пати по ред го сликаат на автопат на места каде што има ограничување од 100 а он продолжил да вози со 120..
За процентот читав на локалните весници дека кога ќе се направи тежок прекршок (ко овие што ги сликале на 200 и нешто), ондак судијата одлучува што и колку ќе пресуди, али непишано правило е дека калкулираат процентуално од имотната состојба на причинителот.
Колата се конфискува и се калкулира обично во казната, а доколку сакаш да си ја откупиш назад, имаш право и на тоа.
Знаеш ли колку ниска можност за корупција треба да има, за да постои казна од милион евра?
Пази вака. Значи пази.
Наместо да платиш 500 еур казна и можеш да си дозволиш да потрошиш десетина од тоа (50 еур) за да го потплатиш џандарот или што и да е човекот и да си тераш работа без да те казнат. Ако казната е милион евра, тогаш ти можеш да си дозволиш десетина од тоа (100.000 евра) за да потплаиш некого за казната. Со 100к потплаќаш било кого било каде кој има толку ниска одговорност од типот на казнување народ за брзо возење. Освен ако не се направи голема работата по медиуми, па да разбере цел свет, и плус типот да е некој познат па да се истера да плати за да си го обели образот. Инаку 99.999999999999999999% се шансите да се заташка работата. Како што и се заташкала до сега милион пати, па сега ради сплет околности овој стигнал до медиуми и слично. Ќе си оди по судови и ќе си плати судски трошоци и 5000еур казна за нарушување мир и тишина во маалото. Конец.
Тоа е тоа.. Само што тука нема контакт полицаец со причинител, што намалува шанса за корупција.. Сабајле го поставуваат апаратот на едно место, он слика и пушта слики у база.. Вработените ги процесираат и ги пуштаат по пошта. Ако нешто е посериозно, го пуштаат до Суд и после судот те брка.
Тип: Судот највише им се радува на странците кои ќе напраат ваков инцидент. У вакви случаи немаат проблем да одземат работна дозвола и да депортираат у матична земја..
Факт: Швајцарците надвор од Швајцарија увек возат ко кучиња пуштени од ланец...