Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3884259 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
За направен записник кој треба да го подигнеш од Полиција, се плаќа ситно, не повеќе од 300 денари.

250 евра се плаќа доколку постоела можност ситуацијата да се реши со европски, ама некој од учесниците одбива да го направи или потпише. Повикот полицијата да излезе на терен и да направи увид, а да немало реална потреба од тоа, се наплаќа 250 евра.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 831
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Tatkomi imase soobrajkajka.Povikav policija.Dojde napravi uvid itn.Go zedovme zapisnikot od policija bez pari.So zapisnikot v race do osiguritelna kompanija.Kompanijata ja isplati stetata i toa e toa.Pari nikoj ne pobara za zapisnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Дали имало други учесници во сообраќајката и дали е добар?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15126
  • Пудингот на шоферството
Пошо сега (деновиве) треба да земам записник за сообраќајка од полиција треба да уплатам околу 900 денари со се таксени марки и сл...И тоа за возило кое се води на фирма(поскапо е за нив)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 831
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Дали имало други учесници во сообраќајката и дали е добар?

Eden na eden.Dobar e fala na prasanjeto.Za covek od 70 godini odlicno reagiral.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Ај да е жив и здрав, супер чим е океј.

Инаку, мене ми наплатија нешто као 250 денара за да си го земам записникот од полиција, кога се откачи дел од рампа на паркинг па ми ја гребна колата, додека на другар, му наплатија 250 евра, пошто викаше полиција да дојде на увид, пошо другиот учесник во сообраќајката не сакал да прави Европски записник.

Арно ама, по све изглеа дека и тука, на оваа тема, не се знае кој пие кој плаќа. Што друго е ново, нели...

Успут:

Тешка сообраќајна несреќа на Плетвар, загинаа две лица

Извор: Либертас

:(
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Ајде, еднаш засекогаш да ја решиме полемикава околу сообраќајните незгоди.

Член 219
(1) Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета се должни откако ќе го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода, веднаш да ги отстранат возилата од коловозот и да овозможат непречено одвивање на сообраќајот.
(2) Возачите-учесници во сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета кои пополниле и потпишале Европски извештај за сообраќајна незгода, не се должни за истата да го известат Министерството за внатрешни работи.
(3) Европскиот извештај за сообраќајна незгода не се пополнува и потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени лица, загинати лица и односно настанала голема материјална штета.

- Мала материјална штета е кога возилата и покрај сообраќајната незгода можат самостојно да се движат и да се отстранат од патот. Исто така за да се исполнат условите за поплнување на европски записник запаезете го став 3 од конкрентниот член.

- Став 8 од истиот член 219
(8 ) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот-учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Значи, не тој што се јавил, туку тој што не сака да прави европски, односно тој што не сака да се потпише, пошто џабе ми е европскиот ако неам потпис на него, исто ко ја да сум си го составил сам.

Член 220
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи, се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи кога:
- едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,
- едно од возилата има странска регистарска таблица,
- еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанци,
- еден од возачите не поседува возачка дозвола од соодветна категорија,
- на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција - забрана на управување со моторно возило во возачката дозвола,
- еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци односно податоците за возилото,
- еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода или
- ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода.

Јас никаде во закон не сретнав дека ти го наплаќаат записникот, туку си плаќаш глоба доколку постапиш спротивно на член 219, став 1, односно доколку одбиваш да направиш европски записник при сообраќајна незгода каде што е предизвикана мала материјална штета.
едит: откако го препрочитав постов, уствари глоба ти следува доколку не го отстраниш возилото по незгодата и овозможиш непречено одвивање на сообраќајот. Што значи, вака некако би се одвивало сценариото за глобење. Праиш сообраќајка со мала материјална штетат и ти не си крив, пошто те удира некој од позади. Тој што те удира од позади ти вика не ти признавам не праам европски ќе седиме тука и ќе чекаме полиција. Ти вртиш 192 и они доаѓаат по основ на точка 6 од став 1 од член 220(еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци односно податоците за возилото). Доаѓаат џандарите, гледаат мала материјална штета и му изрекуваат глоба од 250 евра бидејки не го отстранил возилото од коловозот, на тој што не сакал да прави европски, односно не сакал да ти ги даде податоците и сакал да чека полиција за увид.
Сам себе се негираш, во цитатот од законот убаво си пишува дека возилата се отстрануваат откако ке се потпише европскиот записник.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850

Какви идиоти...

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"

А, како да го отстранам возилото, ако не направам европски записник? Како да направам европски записник доколу другиот учесник во сообраќајката одбие да ми ги даде неговите податоци и сака да чека полиција? Читај ги до крај речениците, убаво си пишува во продолжение на вториот болд „на тој што не сакал да прави европски, односно не сакал да ти ги даде податоците и сакал да чека полиција за увид.“

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8250
  • Плинаш!!!

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Излаваме од дома со жената ке одеме на прошетка. И викам си ке ја препаркирам на сенка колата под едно дрво да ме чека во колата, додека ја да ставам течноста за прскачите. И по навика клучовите во рака, арно ама немам џепови на едни шорцеви и клучевите ги оставам на крајчето од хаубата за да наполнам течноста(маме му јебем, 5 литра течност збирало) и заборвам дека клучевите таму ги ставив и несвесно затварам хаубата и се слушна ШТРАК. И јас си викам, не знаев дека и овоа се заклучува(првпат ја отварав хаубата, нова кола ми беше, чисто информативно). Оно после кога се сетам клучевите под хаубата, како што се затворила хаубата и се притиснало на клучот да се заклучи, а жената во колата ме чека. За уште полоша ситуација, клучевите од станот на истиот преврзок, резервните клучеви од колата беа во станот, а другите клучеви внатре кај жената. Таа проба неколку пати да отворе хаубата, али хаубата не се отвараше. И викнавме одржувачите на зградата да ни отворат, земаа ни 200 евра, отклучив колата, отворив хаубата земав клучевите, жената целата во паника пцува по мене... После сета случка, заклучувам се јас во колата со клучот, пробувам да отворам хауба, хаубата се отвори, жена како жена, да не скрше, не потегле рачката како што треба и не се отвара(на крајот теглеше друга рачка).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34463
  • Таков е животот... јебига

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
Внатре има копче за отклучување на самата кола. Плус, иако е заклучена, секоја кола се отвара од внатрешната страна. Нешто овде смрди....
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Сакаш да се кладеш дека доколку се заклучи со клучот тоа копче не работи? Тоа беше првата работа што беше пробана, не може ни џамовите да се спуштат. Копчето работи само кога клучот е на колата и автоматски кога се заклучува кога колата поаѓа, а кога е заклучена колата со клучот, имало некаква си заштита од деца и колата не се отклучува.