Кај судска кога одиш према центар нели лево се врти и има едни семафори,кај туркса
чаршија...100000000000пати сум проаѓал таму и само 2-3 пати сум начекал црвено...пред година дена, двајца другари во кола, се враќаме од тренинг,јас со тико (кутија ќибрит)...на семафорите кај судска се пали зелено и јас како и секогаш што го возев тоа си стискам повеќе,брмчи мислиш 200 иде...и си убрзавам до 60-70 гледам и другиот семафор зелено си викам топ давам уште гас,пред мене кола,а пред неа еден старец што не догледува стои на зелено и не трга...јас така убрзан малку подзалепен за колата пред мене,таа се трга и ете го старецот си стои на зелено...цик цак десно-лево за да го избегнам (добро е имало господ не удрив во некој од страна зашто толку беше брзо што не ни видов дали има некој)..абе за 5 цм го избегнав, буквално за влакно...не успеав ни да закочам од што испадна се толку брзо и наеднаш...што возат старцине ебаго не догледуваат,возат со воланот у брада залепен,без ретровизори...:@.........друга случка...пак со тикото,4ца другари спремни за во колосеум дотерани цели...и ни вика едниот ај бе да ставиме 500 дн бензин ќе се возиме ќе заебаваме луѓе по улица ( тоа за прскање шофершајбни на тиково можеше да се сврти на страна и чим прснеш иде млаз 3-4 м право и ако има некој "среќа" на улица му правиме headshot со вода и сапун

:D:D комедии)...и така возиме и се јавува еден другар дојдете пред маракана да се видиме ова-она,небитно,...и одам влагам во парк накај стадионот и другар ми вика оди од десно,забрзај и сврти пак врати се на левата (зашто кога одиш накај дискотеките нели пред стадион има паркирано коли стандард и се дели на лево и на десно улицата,таа од десно после тоа пак се спојува со левата) и јас си викам кој знае што ќе направи,давам гас малку повеќе,не знам до која брзина дојдов ама бесе над 50 ваљда, и ете го при крај типов ми крева ручна,јас вртам на лево и како што вртам знаете сите тикото е лимена кутија од 800кг се крева на две тркала,десните,предно и задно, и се спушта...хаххахаххах лудило да не се спуштеше ќе се залепевме за ѕидот од стадионот како плакат

... трета случка...со фиат панда на сестра ми...возам по улица козле и за "среќа" со истите двајца другари на кои им текнуваат такви случки...другар не чека пред фурната да го собереме за тренинг...и едниот ми вика ај закочи со ручна да видиме дали фаќа (и се смее) и ја со цел памет како што возев 70тина ни на кочница ни ништо туку право ручната до крај...колава пролизкува се врти на десно и удира во тротоар и застанува,кога гледам пред мене на пола метро жена стои со отворена уста...хахаххахха излегувам од кола таа ми вика "ќе ме убиеше,полиција ќе викнам..." од звукот од гумите излезе дури и пекарот од фурната велејќи будали деца срамота...јас во кола (другариве ми се смеат ми викаат ние гладни,а ти се караш со кокошки барем да ни купеше нешто кога веќе излезе) и кидавела да ме нема...ах таа панда...имам напишано и претходно во темава за случката кога се истумбав целосно на удолницата од трнодол...друга некоја не ми текнува моментално ама имам уште 2-3 такви избегнувања како првото само не толку опасни што не вредат да се споменат...PS djidji немој за овие две работи на колегата твој зашто одма ќе добрат до сестра ми,а ако добрат до сестра ми ќе добрат и до татко ми, е тек тогаш ќе биде лошо...а за тумбањето слободно кажи,знаат, да не мислите дека лажам

...те молам:D PS II Знам многу е за читање ама јбг...и лекцијата од овие две случки...никад више не се лепам на некој кога возам...

иначе морам тикото да го донесам некогаш на собир да ве повозам во него, е тоа е авантура, што се има преживеано тоа количе

:D:D