Колку постаро возилото толку помалку има системи за активна и пасивна безбедност.Колку и да е сочувано,не удирано и не скапано возилото одпостара генерација ги нема оние зони на апсорбирање на ударот,патничката кабина не е толку заштитена како кај поновите возила.
Баш имам семинарска пишувано за тие зони за апсорбирање на ударот,како еден вид на планско виткање на предниот дел при удар за што повеќе апсорбирање на кинетичката енергија.Така да мерцедесот колку и да има долга хауба,ги нема crimple zone затоа и е толку оштетен,а октавијата предниот дел го нема,ја апсорбирал енергијата но патничката кабина е неоштетена,односно минимално.