Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3845526 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Лесно е да се каже од удобна фотелја, но којзнае што му прелетало низ памет на возачот на Ладата за да напраи таков маневар, па и да се забие во оградата.

Инаку, виновен е, беројатно заради препораката (барем кај нас) - кога возиш, а извесен е судир со возило од спротивна лента кое навлегло во твојата лента, правилото е да прикочиш и да свртиш кон десниот крај на коловозот, не обратно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Колата од спротива. Што оди накај камерата, и оди во погрешна лента без причина. Лада ли штознам што е.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Попрво би рекол дека сите возат со неприлагодена брзина. Претекнувањето дозволено ли е овде? Јас не би рекол во двосмерен сообраќај дека е, а и да е, кој лудак претекнува во вакви временски услови? Малку делува и вообичаениот стереотип ( филипв не мислам на тебе) СУВ имам па ми се може.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
пак ќе речам не знаеме доволно

мене ми се чини дека се работи за лоша проценка пошто да си продужеше право ќе беше никому ништо

може таа лоша проценка била ради алкохол + ќељави гуми + 80 на саат кога условите не дозволуваат 80???

не знаеме, но тие таму истржителите знаат повеќе.

Попрво би рекол дека сите возат со неприлагодена брзина.

И мене така ми се чини.

Малку делува и вообичаениот стереотип ( филипв не мислам на тебе) СУВ имам па ми се може.

Не ни може да мислиш на мене пошто ја немам СУВ.

Иначе ми се чини дека си во право.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Од десна страна е правилото за разминување, нема што он да измислува финти и од лева да се размине зашто му паднало на памет дека овој можеби нема да претекне на време. Исто како кога пешаци ќе заглават лево-десно неколку пати од што не почитуваат правила за разминување.

Го фати паника, изреагира несоодветно, премина во лева лента која исто така беше зафатена, изгуби контрола се лупна во ѕид и уште не бил виновен.

Како помисли дека ќе успее да се врати во своја лента пред да се лупне во камионот што снимаше?

И Тојотата влезе во премногу голем ризик со тоа претекнување, но далеку од тоа дека е најголемиот виновник.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Тојотата е 100% виновник за мене како предизвикувач на сообракајката затоа што шоферот на ладата не возеше повеќе од 60 но МАХИНАЛНО го сврте воланот за да избегне потенцијален и многу поверојатен судар НО таа успеа да се врати на своја лента но предоцна.... И ако гледам вака подобро што не погина тој со ладата пошто човекот гледаше како да избегне нешто а не беше директен предизвикувач

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
1. Како гледал да избегне судир со тоа што намернио влезе во лента во која возеше камион?

2. Изгуби контрола над возилото

3. Се мавна во спротивната банкина и ја блокираше лентата

Ако е паничар, не треба да има дозвола

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7654
  • French diamond
Имаше доволно место за џипот да се врати во лентата, изгледа тој со ладата има изгубено конрола... не вервам намерно да се акна во банкината.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
другар случка пред неколку месеци само  неможам сега да го барам клипот: Камаз си вози во десна негова лента, кола од спротивна упорно вози во негова лента, во последен момент камазот бега во лева спротивна лента за да избегне директен судар, во последен момент колата се враќа во нејзина лева лента, се случува судир и двајца на место во колата... по твое кој е крив?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Двајцата. Разминување се врши од десна страна. Прво правило во сообраќај. Во лева лента се вози само по потреба, под услов да не иде никој од спротивна насока.

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7654
  • French diamond
Тој со колата, што барал да вози упорно во лентата на Камазот.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Васил читаш ли што пишувам или само по дефолт куцаш?
 во последен момент камазот бега во лева спротивна лента за да избегне директен судар

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7654
  • French diamond
Едит : не било за мене  ;D

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
И двајцата имаат кривица. Ако некој игра кукавица, правилно е да забавиш и да се престроиш што е можно по на десно.

Инаку, виновен е, беројатно заради препораката (барем кај нас) - кога возиш, а извесен е судир со возило од спротивна лента кое навлегло во твојата лента, правилото е да прикочиш и да свртиш кон десниот крај на коловозот, не обратно.

Со тоа јасно му даваш да другиот на знаење од која страна ќе поминеш и на кај да сврти за да те избегне.