не видов ништо страшно што би се сменило доколку носеше типот од задното седиште појас... и на крајот на краиштата, носењето појас позади и неговото врзување е толку многу по различно од предните седишта да многу возможно е типов и да беше врзан уствари... според ударот и силината, мислам дека и беше врзан со каиш...
Не е баш така. При сударот, се активираат пиротехнички затегнувачи со кои каишот крвнички, до ниво на повреда, го прилепува патникот за седиштето, па тој
многу помалку лета наваму-натаму во случај на судар.
На видеово, патникот позади не е врзан. Затоа му искочи главата и пола торзо низ прозор. Да беше врзан, торзото ќе му беше мање-више фиксирано за седиштето, а главата ќе патуваше само до неговото десно рамо, а не низ прозор. Па така, наместо евентуално пукнато десно ушно тапанче, шинат врат и модрици од каишот, типов вероватно ризикува внатрешни крварења во главата, фрактура на череп, врат, кичма и/или ребра итн итн.
Врзување позади, наспроти популарната авто-митологија, не е помалку важно од врзување напред. Овој клип тоа одлично го илустрира.
Секое неврзување, било напред било позади, било во град било на автопат, е исклучително идиотска практика. Многу идиотска. Треба нешто сериозно да не разбираш ИЛИ да си на барем некој начин ретардиран (на пример, да немаш осет за m*v) па да не се врзуваш.
Тоа кој е крив не менува ништо кога се прави муабет за носење каиш и колку штити. Ист судир можеше да се случи и ако удрениот си поминел прописно, а другиов не почитувал предност или евентуално поминал на црвено.
Сепак мислам дека ако носеше каиш немаше така да излета низ прозор.
100% си во право! Све што кажа од збор до збор, од првата до последната реченица.