Уште, гледав некој документарец „Што да правите ако ви откаже кочницата на автомобилот“.
Документарецот беше типично амерички.
Возеа една издрнкана корола низ некои долини и кривини.... И овој професионалецот што ја возеше колата вика:
- Не гасете го моторот, ќе ви се блокира воланот.
- Не кревајте ручна на брзини поголеми од 60км/ч, бидејќи ќе изгубите контрола врз возилото.
- Одбивајте се лево-десно од банкините, ѕидовите, ридчињата и слично, за да го успорите возилото.
- Возете цик-цак за да го успорите возилото.
Додека за менување брзина во понизок степен на пренос не спомна ништо. Ваљда бидејќи тој „професионалецот“ не слушнал за друго освен за аутоматик.
Амерички пропаганди јбг. А иам една дописничка од Америка, кога и реков дека manual stick shift колите имаат 3 педали, оваа само што не умре од чудење. Хахахаха.
