Не се замараме со поважни проблеми кој ги имаме како народ и како држава и кој треба да се решат, се запнавме 5 дена да дискутираме за човек кој загинал во собраќајна незгода. Дали ако загинеше некој анонимус ќе се правеа вие муабети ?? Не! Ќе испаднеше по новините и вестите собраќајна незгода заради неприлагодена брзина според условите на патот и чао пријатно. Незнам зошто во се мора да се бара теорија за заговор, како американците што немаат што да прават и теории на заговор бараат секаде. Дали денеска што заврна град во Велес е дело на HARP системот на Американците??? И Младенов бил човек како сите, и он возел на истите патишта како сите во оваа држава, стотици души гинат по патиштава годишно така да тоа за голема жал е дел од собраќајот, дали и тие се убиени, им се пресечени кочници.... Нека почива во мир Младенов и лесна му земја. Тоа е тоа.
А за Зоран Божиновски, ако е толку добар новинар со такви страшни информации сигурен сум дека ќе се снајдеше далеку повеќе и ќе станеше етаблиран и почитуван новинар, а не тоа што е сега.