Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3883963 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Ти како да немаш попаметна работа? Одиш пешки, пиеш кафе и јадеш вкусно? :D

хахаха... не си нормален жими се... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Каква дешавка сум ја у паметот, господ не чуваше мене и моите 3ца сопатници вечерва. Возам по Илинденска и стигам до раскрсницата со Ленинова, лабаво си возев 50ина км/х, тивко музиче, лабав муабет у кола... Стигам до раскрсницава и свети зелено арно ама допунското зелено светело, а тоа што блештат црвено уште 3 семафори околу мене нема везе, си цепам јас и луѓево у кола абе алоооо на црвено помина. Ми кажаа од кога ја поминав раскрсницата, пошто очекувале дека чим не убрзувам и не се движам многу брзо ќе застанам. Среќа понеделничка вечер околу 10 саат, глуво доба па немаше ниедна кола. Вакво нешто прв пат ми се дешава и ќе се потрудам да биде последен. Него едниот сопатник вика, среќа шо не му кажавме пред раскрсницата, ќе закочеше нагло ќе се исполепевме у шoфершајбна :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Ја мислев ќе си се мавнел нешто, за милиметар си избегнал што те чувал господ. Он прошол на црвено на празна раскрсница ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4065
Ја мислев ќе си се мавнел нешто, за милиметар си избегнал што те чувал господ. Он прошол на црвено на празна раскрсница ;D
хахахахахахахахахахаё!
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
се збуни малце :D
ако светело на другите 3 страни црвено значи кај тебе било зелено :D

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Не се збунив бе, имаш лево од тебе семафор, имаш над тебе семафор и имаш десно од тебе семафор или се на се 3 семафори во твојот правец ;)

Ја мислев ќе си се мавнел нешто, за милиметар си избегнал што те чувал господ. Он прошол на црвено на празна раскрсница ;D
Епа да си проаѓаше некој на семафор од Ленинова ќе се учукавме убаво. Иначе тоа господ ме чувал, така ми дое у моментот да напишам.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
аа така,јас па мислев збориш за другите 3 страни на раскрсницата :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Каква дешавка сум ја у паметот, господ не чуваше мене и моите 3ца сопатници вечерва. Возам по Илинденска и стигам до раскрсницата со Ленинова, лабаво си возев 50ина км/х, тивко музиче, лабав муабет у кола... Стигам до раскрсницава и свети зелено арно ама допунското зелено светело, а тоа што блештат црвено уште 3 семафори околу мене нема везе, си цепам јас и луѓево у кола абе алоооо на црвено помина. Ми кажаа од кога ја поминав раскрсницата, пошто очекувале дека чим не убрзувам и не се движам многу брзо ќе застанам. Среќа понеделничка вечер околу 10 саат, глуво доба па немаше ниедна кола. Вакво нешто прв пат ми се дешава и ќе се потрудам да биде последен. Него едниот сопатник вика, среќа шо не му кажавме пред раскрсницата, ќе закочеше нагло ќе се исполепевме у шoфершајбна :D

затоа у принцип не се праи муабет со возачот низ град. возачот треба да ќути, со двете раце на волан и со погледот напред.

кога ќе стигнете кај што сте тргнале, праи муабет колку сакаш.

добро што не те собрал некој (пу пу) и памет за друг пат. Возење не е забанција и фурки со другарите. Возење е управување со тешка машина и си бара дисциплина и одговорност.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Де бе, радио да не слушам, да не праам муабет :)

Прв пат читам дека „у принцип не се праи муабет со возачот низ град“...

Филип ако сите овие работи што ги пишуваш и ги применуваш, бајаги терсене човек си и алал да им е на луѓето околу тебе, треба нерви и мнооогу љубов сите овие правила да се поднесат ;D Без навреди, не мислам ништо лошо.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Де бе, радио да не слушам, да не праам муабет :)

кој спомна радио? не ми додавај измислици.

муабет со возачот У ПРИНЦИП треба да се избегнува. Особено емотивни дебати, пошто времето на реакција страда.

Прв пат читам дека „у принцип не се праи муабет со возачот низ град“...

човек учи додека е жив. Што мислиш зашто во аутобусите е забрането муабетење со возачот? На некој трт му текнало така или има причина?

Филип ако сите овие работи што ги пишуваш и ги применуваш, бајаги терсене човек си и алал да им е на луѓето околу тебе, треба нерви и мнооогу љубов сите овие правила да се поднесат ;D Без навреди, не мислам ништо лошо.

напротив, овие работи придонесуваат за опуштеност и безгрижност. Моите сопатници до сега не се пожалиле. Не си праи „гестапо“ филм за мене, пошто не е тоа тоа. Ја не ЗАБРАНУВАМ зборење со мене, само ИЗБЕГНУВАМ да влегувам во дебати дур сум позади волан.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Лицето на filipv ако му збориш додека вози, или пак ако не си се врзал со каиш



 ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D (малку да се нашалиме, да разбиеме монотонија, мислам нема да има никаква замерка ? )

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34463
  • Таков е животот... јебига
Фило, спреми се за десетнаесет страни reply :D

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Припремен сум :D :D :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Зашто да се слуша радио, особено радио емисии во кои има јавување на гледачи или во кои кажуваат разно разни вести? Тоа не го одвлекува вниманието на возачот? Не мора да збориш за да бидеш сконцентриран на муабетот, доволно е внимателно да слушаш.

Инаку се согласувам дека не треба да бидеш премногу занесен во муабетот додека си зад волан, сеедно дали е град, село, автопат. Но релаксиран и нормален муабет е добредојден во секоја пригода, освен кога возам брзо, тогаш додуша сакал несакал сите ќутат :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Зашто да се слуша радио, особено радио емисии во кои има јавување на гледачи или во кои кажуваат разно разни вести? Тоа не го одвлекува вниманието на возачот? Не мора да збориш за да бидеш сконцентриран на муабетот, доволно е внимателно да слушаш.

научните истражувања не нашле статистички значајна врска помеѓу програмските содржини на радио станиците и сообраќајните незгоди. За разлика од емотивно набиените муабети со возачот. Затоа, слушање радио е ок, но дискусии со возачот - не.

Мислам дека на сите ни се има случено барем еднаш во жарот на дебатата несакајќи да уцапаме во ризична сообраќајна ситуација.