Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3888940 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
E toj alkohol treba da se zabrani za psihicki nestabilni...

Алкохол треба да се забрани за оние кои воз.... уствари, чекај...

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Па тие што возат пијани се уствари психички нестабилни...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
E toj alkohol treba da se zabrani za psihicki nestabilni...

Алкохол треба да се забрани за оние кои воз.... уствари, чекај...


:D

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Девојка загина во сообраќајка во Прилеп


Евелина Блажеска (17) од Прилеп рано изутрината го загуби животот, а две лица се тешко повредени и се во животна опасност по тешката сообраќајна несреќа што се случи на улицата „Моша Пијаде“ во Прилеп


Како што информира Ѓоко Стресовски, портпарол на СВР Битола, до несреќата дошло изутрината околу 2:20 часот кога возачот на автомобилот „дачија логан“ со прилепски регистерски таблички управувано од 18-годишниот К.Н., од се уште неутврдени причини изагубил контрола на возилото кое преминало во другата коловозна лента, странично се превртело и силно удрило во елекричен бетонски столб. Возилото се одбило и удрило во паркиран автомобил „киа сефија“.

Блажеска која била совозач, од тешките телесни повреди починала на самото место на несреќата. Двајцата сопатници, 18-годишници, се веднаш пренесени во прилепската градска билница, но поради повредите се очекува да бидат префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.

Возачот кај кој со алкотест е утврдено големо количество алкохол во крвта,, поминал со полесни повреди.

Увид направија полиција, основен јавен обвинител и истражен судија кој наредил обдукција на телото за да се утврдат причините за смртта.
 
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Накратко:
Возел после нова година дамла пијан во 2:20 саатот со своето 0 годишно возачко искуство и предизвикал смрт на 1 малолетник. Мислам дека ќе си го одлежи Баделот и психички и физички.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Абе и ние вчера бевме со 2 коли за скопје се враќавме во 3 ноќеска и иако имаме 20 години никој од нас не пиеше во две пуни коли немаше никој пијан а да не збориме пак за оние што возеа.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
И уште возачка на 16 години? I dont think so!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
И уште возачка на 16 години? I dont think so!

па ако више се курчи со колата на 18, боље да е со 2 отколку со 0 години искуство, а?

ја сум „за“ полагање од 16, со законски рестрикции за типот на возилото и патиштата кои смее да ги вози.

Возачко искуство е СЕКОГАШ добредојдено, во СИТЕ ситуации.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
И сега има рестрикции, што к*р барал да вози во 2:20 кога смее само до 23:00? Значи џабе е закон.

Изгледа не си видел деца на 15-17 години испијанети до смрт... Јас видов еднаш две девојчиња на тоа годиште како ги носи обезбедувањето во раце, толку пијани што личеа на обесен веш...  За жал глетката не е ни малку пријатна. Истите тие СИГУРЕН сум дека би возеле штом малку ќе се освестат, и после ги има на вести обавезно.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
И сега има рестрикции, што к*р барал да вози во 2:20 кога смее само до 23:00? Значи џабе е закон.

Изгледа не си видел деца на 15-17 години испијанети до смрт... Јас видов еднаш две девојчиња на тоа годиште како ги носи обезбедувањето во раце, толку пијани што личеа на обесен веш...  За жал глетката не е ни малку пријатна. Истите тие СИГУРЕН сум дека би возеле штом малку ќе се освестат, и после ги има на вести обавезно.


јас сум видел и 20-30 години испијанети до смрт. И сеа?

Ќе повторам: возачко искуство никогаш не штети.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Па овој исто има регулатива дека не смеел да вози посл 22 часот (или така нешто).

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Тука не е проблем закон, проблем е домашно васпитање.

Тате, може колата, сите другари ќе бидат со кола, прав татко ќе рече "каква кола какве си пичке мајчине".

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Не е ни до тате дали ќе рече, тоа не е воспитување туку забрана. Ако не му ја даде, ќе му ја украде.
Работава е, ако веќе иде со кола, да знае дека има човечки животи на негова одговорност.
А ако пие, да иде со некој што ќе вози а нема да пие, со автобус, со такси, со воз, авион, амфибија, било што.  

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Тој шо краде кола од татко нема одговорност.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
до таткото е ако успее да му ја украде колата