Денеска идам со скутерот пред еден супермаркет, и се паркирам на паркингот... Гледам едно дете (2 години) излезе од пунто сиво, со сладолед, стоеше некое време надвор од колата, потоа се качи во еден голф 6 исто сив (се гледаше дека беше нов) му се причинило на детето дека е нивното пунто, и внатре лижеше од сладоледот... И си седи детево, сладоледот му капи, седиштата лом ги направи... Излага сопственикот на голфот, кога гледа се мана во глава... чека надвор од колата, кога иде сопственикот на пунтото (и на детето
), и увеј му се нафрли да го тепа, ама имаше еден човек ги раздели, потоа се караа уште 5 минути, па ајде полиција дојде, па ајде уште се расправаа, и потоа си заминав...