Несреќата се случила околу 17.30 минути на 20 километри од Штип, на раскрсницата кај Криволак
Најмалку дваесет лица, од кои 15 старешини на АРМ се повредени во сообраќајната несреќа што се случила денес околу 17.30 минути на 20 километри од Штип, на раскрсницата кај Криволак. До несреќата дошло откако во автобус на „Струмица експрес“ удрило патничко моторно возило џип марка Ауди, јавува дописникот на „Вест“ од Штип.
Десетина повредени со полесни повреди се префрлени во струмичката болница каде им е укажана прва помош. Дел од повредените со помали повреди на главата потврдуваат дека возилото удрило во автобусот кој ги превезувал вработените во АРМ од штипската касарна до Радовиш и Струмица. Според повредените, џипот доаѓал од Неготино и сакал да сврти лево кон Штип. Полицијата врши увид на местото на несреќата.
Интернет порталот на „Вест“ објавува декса од силниот удар двете возила се превртеле, а автобусот дури и се запалил. Со противпожарни апарати на помош притрчале работници од блискиот каменолом кои не го виделе судирот, но слушнале силен тресок. 15-темина повредени припадници на АРМ со тешки и полесни повреди со возила на брза помош биле пренесни во Штипската и Радовишката болница.
Во болница се однесени и двајца патници од џипот.

