Електрично такси експлодирало по сообраќајка
Кинезите ја преиспитуваат безбедноста на електричните возила, поради овој случај, каде загинаа три лица...
Трагичниот настан се случил минатата недела, кога црвен Nissan GT-R се удрив во две такси возила, од кои едното било електрично (BYD e6), кое спонтано се запалило и експлодирало, при што страдале возачот и двајца патници.
Очевидци тврделе дека возачот на атрактивниот GT-R бил невнимателен, поради четирите девојки кои биле со него во автомобилот. По несреќата, тој побегнал, но за кратко – сам се предал на полицијата, малку подоцна.
Сеуште со сигурност не се знае причината за експлозијата на возилото, но сигурно, во иднина, независните агенции кои ја тестираат безбедноста на автомобилот (EuroNCAP, ADAC, NHTSA), ќе мора да развијат програми со кои ќе ги тестираат електричните и хибридните возила, како и нивните батериски модули.