A sto vrska ima dali ke udris granka so 120, 100 ili 140? Ako ne bile 140 bile 130 ili sto znam kolku. Sepak dupki (bunari) I granki ne treba da ima
Има врска.
Енергијата која ќе се ослободи при ударот (дали гранче од браник, дали кола од друга кола - сеедно) зависи од
КВАДРАТОТ на брзината. Зависноста не е линеарна, туку крива.
Тоа значи дека разликата во ослободената енергија помеѓу судар со 100 и 120 км/ч не е иста како разликата меѓу 120 и 140 на саат, и покрај тоа што во двата случаи разликата во брзините е иста = 20 км/ч.
Равенката е:

Ајде малку да ја протолкуваме. Замисли дека возиш 100 км/ч (или околу 28 метри во секунда) и дека удираш некоја гранка која тежи, да речеме, 5 кг. Ако овие вредности ги внесеме во горната равенка, добиваме дека вкупната енергија која ќе се оддаде од правец на гранката во правец на твојот браник ќе биде околу 2000 џули. Тие 2000 џули ќе се потрошат на гребење/кршење на браникот, летање/кршење/гребење на гранката, а еден мал дел ќе биде потрошен за звукот, но вкупно имаме енергија на ударот од 2000 џули во секој случај.
Е сега, замисли дека наместо 100, возиш 140 на час. Ќе си кажеш, не е некоја голема разлика, само 40 км/ч, но не е така. Ако во горната равенка за v внесеме 140 наместо 100 км/х, добиваме околу 3800 џули.
Значи, релативно мала разлика во брзината, носи речиси двојно зголемување на гребаниците/кршењето/звукот итн итн... 2000 вс 3800. Значи, ако си возел со 100 штетата сигурно ќе била значајно помала. А ако си возел 80 на саат тогаш енергијата ќе била околу 1000 џули - значи четири
пати помалце!
Слични математики важат и за многу други параметри - должина на патот на кочење, латерални сили при вртење, потрошено гориво... мали разлики во брзината прават големи разлики во ефектот!
Затоа се вози полека.