На пробно возење уништил скапоцено Ферари кое сакал да го купи!
Малезиец на пробно возење потполно уништил скапоцено Ферари 430.
Поради преголемата брзина возачот изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Сето тоа се слулило на 23 јануари оваа година кога Малезиецот земал Ферари 430 на пробно возење со цел потоа да го купи. Но, премногу стиснал на папучата за гас и излетал од патот.
И возачот и совозачот се повредени во несреќата, која дефинитивно многу ќе го чини овој Малезиец.


