Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3849341 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Казниво е и за пешаците ако го загрозат сообраќајот со преминот преку пешачки. Само што тешко се докажува тоа оти ти како возач си должен да застанеш.

Член 116
(1) Пешакот е должен преку коловозот и велосипедската патека или лента
да преминува внимателно и по најкраток пат, откако пред стапувањето на
коловозот, ќе се увери дека тоа може да го стори на безбеден начин
.

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8243
  • Плинаш!!!
Многу убаво е пишано во законот за пешаци, ама која багра да го почитува тоа? Прелетуваат на пешачки како да има ѕид од двете страни!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7209
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Поминуваш на пешачки за да застанат возилата
а не,
застануваат возилата за да поминиш на пешачки.

(сарказам)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
Се е до платата,дај му 3000€ плата да видиш како ќе чека да поминат возилата,а и возилата ќе си застануваат на пешачки нема толку да се брзаат.
Е сеа пак ќе има бричој,ама малку ќе бидат.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
eden zelen bran da napraj da ja pomine partizanska so dve cekanja na semafor... nema koj da brza da fati zelenoO
« Последно менување: 25 Јануари 2022, 19:11:56 pm RedEco »
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
ја би почекал некој улетан да пимине, па ебеш му матер кој е во право. Али има бициклисти ( ко мене) чим е велосипедсла, абе ни лево ни десно, ни со раче да сигнализират дека ќе вртит. Ама па има и возила гледа дека движиш кон пешачки премин се улетур и свири. Чеки бе коџобашио, полека, татка ти ако ти купил кола мене не ме купил да те оплодам вуста. Значи взаемно поштовање треба да имаме, или осет. Ама ние немаме сенс за осет. Тој орган атрофирал одамна кај нас

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1557
Се е до платата,дај му 3000€ плата да видиш како ќе чека да поминат возилата,а и возилата ќе си застануваат на пешачки нема толку да се брзаат.
Е сеа пак ќе има бричој,ама малку ќе бидат.

Да му дадеш плата 3000 евра за да застане на пешачки? И ја би сакал таква работа...
In an Alfa Romeo, looking good is more important than looking where you’re going.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2121
Повторно несреќа во која настрадал пешак на пешаки овој пат кај гоце делчев мостот https://www.slobodenpecat.mk/foto-pregazen-mazh-pred-mostot-goce-delchev-vo-skopje/

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Повторно несреќа во која настрадал пешак на пешаки овој пат кај гоце делчев мостот https://www.slobodenpecat.mk/foto-pregazen-mazh-pred-mostot-goce-delchev-vo-skopje/

Можеби најлош пешачки премин во Скопје, на сред булевар после огромен правец со огромна фрекфенција на возила, секој нормален би направил надземен или подземен премин.

убедиливо и доста зелени грмушки има што покриваат видик ако не се лажам

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
"Засега се знае дека мажот бил удрен од возилото додека ја преминувал улицата"

Како понаку би бил удрен ако не преминувал улица

"Според првичните информации, во пешакот удрил автомобил во движење."

Сигурно не бил удрен од возило во мирување

Значи какви глупи реченици се составуваат...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2765
Повторно несреќа во која настрадал пешак на пешаки овој пат кај гоце делчев мостот https://www.slobodenpecat.mk/foto-pregazen-mazh-pred-mostot-goce-delchev-vo-skopje/

Можеби најлош пешачки премин во Скопје, на сред булевар после огромен правец со огромна фрекфенција на возила, секој нормален би направил надземен или подземен премин.

За најлош не е, најлош е оној што го зборевме после Лукоил на влезот.

А за овој - конечно ја научив мајка ми да оди по новиот пешачки мост кај МНТ, па под мостот накај Водовод/ЕВН.
Толку е постот.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
Се е до платата,дај му 3000€ плата да видиш како ќе чека да поминат возилата,а и возилата ќе си застануваат на пешачки нема толку да се брзаат.
Е сеа пак ќе има бричој,ама малку ќе бидат.

Да му дадеш плата 3000 евра за да застане на пешачки? И ја би сакал таква работа...
Да се растерети од секакви грижи.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10583
Се е до платата,дај му 3000€ плата да видиш како ќе чека да поминат возилата,а и возилата ќе си застануваат на пешачки нема толку да се брзаат.
Е сеа пак ќе има бричој,ама малку ќе бидат.

Да му дадеш плата 3000 евра за да застане на пешачки? И ја би сакал таква работа...
Да се растерети од секакви грижи.
И 2 пати да размисли што ќе изгуби :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Тоа е тоа бе дечки

1) Ниска култура на сите учесници
2) Катастрофална инфраструктура
3) Не постоење мониторинг систем и систем за казнување кој е автоматизиран (радари/камери)

Во најмала рака, да почнат да ги користат камерите за казни ќе видите како ќе се среди се и како попчиња ќе возат сите макс 50 и ќе намалуваат/кочат на пешачки.