Кај нас многу си фалат подземни пешачки премини. Не е исто да треба да се симнеш 2 метра надоле или да се качиш 5 метра нагоре. Се што треба да има е добро осветлување, по некоја камера за безбедност и попристапни влезови (што е полесно да се направи кога е помала висинската разлика).
Цело време само се збори за успорување на сообраќајот и се поставуваат квази решенија - лежечки полицајци кои не се осмислени за дозволената брзина, туку на улици со дозволено 50 треба да намалиш со 5 км/ч за да ги поминеш да-речеме-удобно. А на никој не му текнува за издржано решение кое ќе го одвои сообраќајот од патеките на пешаците и велосипедистите.