Синока морав да се враќам назад па преку Лисиче да си одам дома заради сообраќајкава.
Бидејки таму во тој дел работам и за накај дома мора да одам до семафорите кај ресторан Градина па потоа назад за дома, можам да кажам дека е еден од најнебезбедните булевари во градов.
Се вози дебело над ограничувањето од 90-100 км/ч нагоре, се престигнува преку двете полни линии и не се застанува на црвено на семафорите за тие што се од споредните улички на нивно зелено да се уклучат.
2-3 пати ми се случи на мое зелено од Градина уличево да мора да застанам пошто дебилите летаат, не застануваат на црвено и ти блендаат, како ти да си кривиот, а они правите.
Затоа од тогаш без разлика што ми е зелено од уличето од Градина, секогаш тргнувам полека, првин погледнувам лево да не има некој што нема намера да застане на семафорот или престигнува преку двете полни, потоа од десно од Пинтија исто така некој да не лета и да нема намера да застане, па тек се уклучувам на булеварот.
Страшно е да се вози по тој булевар.
Плус 3 од 5те коли се од Студеничани и Батинци. Тоа говори се....