Во продолжение, не го осудија тетовецот што го усмрти моторџијата исто тетовец на М.Т.Гологанов и жена му која беше трудна и го изгуби бебето попусто бара правда, а не го осудија и копилето некој внук на Беровиќ бетон што усмрти 17 годишник на семафорите кај карате клубот Работнички исто на М.Т.Гологанов. Низата е долга...
Не ја разбирам етничката конотација. Онаа фолк пејачката што правеше јадења по емисиии викаше мх мх мх утепа човек со кола и што се деси на крај? Едно големо ништо. Нема владеење на правото и тоа се одразува врз секојдневието, па и возачка култура, сообраќајки па после врски во суд итн. Дали било македонец, албанец или нешто трето ама ич не е битно. Примери колку сакаш од една и од друга страна.
Не се слагам за неа, беше утврдено дека пешакот е крив.
Да, загинал, ама како би ти било на тебе да утепаш некој, притоа возејќи по сите прописи и ти урипа некој од нигде-никаде? Од кај ќе те јаде совест, па и во затвор невин.
Не викам дека во тој случај така било, општо зборам.
Не е се така црно-бело во сообраќајот, сите имаме права и обврски, не може возачите да се криви за се, а пешаците да се куропецаат и да урипуваат измеѓу улици.
Не може по дефолт веднаш да се фрлаат возачи во затвор.
Лично јас ќе прегазев дете во Ресен, пред некоја година. Возев споро и по СИТЕ правила и прописи.
Со дел од окото го гледам како се отргнува од раката на мајка му и претрчува улица од мое десно.
Не знам кој ѓавол влезе во него, скоро паралелно бевме, они на тротоар, јас по улица.
Само Господ знае како го видов и закочив, како срна ме гледаше уплашено пред хауба. На никој не посакувам. Ми скрати 2-3 години од животов.
После мајка му се уби извинувајќи, а него го утепа од ќутек.
И сеа?