Една дешавка со трокут:
Идеме со колега со комбето на пат накај Прилеп, и го качуваме Плетвар нагоре, врнежливо време, онака подросува передски.. на почетокот на качување возиме и одеднаш на кривинава Dropped pin
Near A1
https://goo.gl/maps/WiZAvsFxbeD8vLQK8 превртена кола, нисан микра виолеткова боја, баш кај што е центарот на сликава

Среќа немаше коли позади мене се престоив и застанав погоре, човекот само што се имаше стумбано, збореше на телефон најверојатно со некој близок или од фирма раскажуваше што се случило, видов има трокут поставено ама цел искршен, некој со комбе го мавнал трокутот и продужил(ова го кажа човекот покасно), и ја јебига шизик на ризик го земав трокутот и скроз качен во камењата одев надоле да стигнам пред кривината да предупредам други учесници, некако го поднаместив со камења и тие што се качуваа поднамалуваа генерално.
Се е океј до момент кога двајца абдали со црвена корса ц во посериозни години малку цврцнати летале нагоре, едниот го здоглеал знакот и му кажал пази ама овој возачов не обрнал внимание, влага у кривина ја гледа колава превртена, од паника стиска пуна кочница, го изместува со предница према земјата а кај земјата стои колегава, јас ја глеам случкава и си викам оууу шит Боби го еба сеа, ама стариов мава контра волан и се извртува некако контра и со гзот иде накај лентата за надоле пришто мавна во возило на една фамилија што се симнуваше, ама дека комбето ми беше паркирано погоре со 4ри сите за надоле возеа полека па не се случи некоја посериозна хаварија, потпивнатите завршија со гзот тука негде

(Хинт комбето го оставив негде кај камионот)...
Одма истрчав и се разрдрав добро бе шефе глеаш знак доле, и сувозачот вика ти реков и возачот таков припивнат се му е рамно промрљува у стил ма да ти ебам знакот ме заболе.
Си викам у себе океј и ја некогаш брзам правам грешки претекнувам влагам макази и све, ама кога ќе видам знак секад сум укопувал кочница до доле, ако нема автоматски да се пуштаат 4ри јас пуштам инстиктивно, размислувам малце и за тие позади мене да ги известам еј чекајте другари се десило нешто сериозно намалете, ама до толку да си незаинтересиран за другите учесници тоа стварно незнам.
Инаку незнам колку кој знае, баш оваа кривина и една друга исто вака се малце критични, особено на дожд или снег, таков е асфалтот на Плетвар, така да пазете ако патувате во такви временски услови, башка тоа што цел пат е изветоперен од тешки возила и уште повеќе загрозува ситуации
Sent from my iPhone XS using Tapatalk