Брзината треба да е прилагодена на условите на патот.
Вака најдобро е опишано тоа што се прашува. Да, кај нас некои знаци се нереално ниски, а се наоѓаат и неколку што се нереално високи ама ретко.
Имено иако на Тетово-Скопје е дозволено 130кмч, кога има снег нормално е дека просечната брзина на возилата ќе изнесува околу 50кмч. Бидејќи брзината е прилагодена на условите на патот.
На Гостивар-Тетово е дозволено 80кмч, но кога е сончево и со огромна видливост и прегледност, просечната брзина на возилата ќе изнесува околу 115кмч. Бидејќи брзината е прилагодена на условите на патот.
На новиот пат кај Демир-Капија дозволено е 130кмч на пример, но просечната брзина на сончево време е над 130кмч. Бидејќи брзината е прилагодена на условите на патот.
На Качанички пат е дозволено 70кмч, но просечната брзина знае да биде 50кмч заради дупките и исклучувањата. Бидејќи брзината е прилагодена на условите на патот.