Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3427746 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Дупат у телефон, е тоа прават.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Поздрав до Штипјани. Возам 140км/ч и се приближувам позади штипски Chevrolet Cruze. На околу 10 метри оддалеченост блицнувам ( Што нема ебана потреба да го правам ова), давам жмигавец се престројувам и претекнувам во лева лента. На 2-3 метра растојание идиотот дава лев жмигавец и почнува да си се престројува инстантно во лева лента (немам појма зошто) ... Среќа имав брза реакција па се доближивме до поливина метар преден - заден браник и не го удрив... Не знам стварно дали не се запознаени со поимот автопат и ретровизори ама нека ги упати некој зошто втор пат штипска кола ми прави неандерталски потег на автопат...

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8949
  • Пичлеме
Дупат у телефон, е тоа прават.
Ненормална работа, колку пати имам приметено „шоферки“ што се шминкаат на возење, „шоферки“ селфи што си прават на возење... веќе нема што да се зборува, се е заминато укурац :)


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Зошто си му светнал?

Едно е да светнеш кога си веќе во лева лента, демек пази проаѓам. Друго е кога си позади некого - делува у стилу убрзај/тргни се.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Зошто си му светнал?

Едно е да светнеш кога си веќе во лева лента, демек пази проаѓам. Друго е кога си позади некого - делува у стилу убрзај/тргни се.
Блицнувам и жмигавец лев пуштен, уредно поминувам не ме ни примети гарантирам дека не ни погледна и веројатно или повеќе му одговараше левата лента зошто немаше толку дупки па си се префрли без да фрли едно око.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Мене прилепчани на патот ми се најопасни

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6581
Ова со блиндирање ич не го разбирам. Си имаш светла пуштено и културно жмигавец даваш. Ова со блицнување може дополнително конфузија да направи.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Ова со блиндирање ич не го разбирам. Си имаш светла пуштено и културно жмигавец даваш. Ова со блицнување може дополнително конфузија да направи.
Затоа и спомнав.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Веќе се затемнуваше (околу 19ч беше), плус претекнување се врши по лева лента, не знам зошто би требало да има дилема..

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Освен ако не сакаш да го предупредиш ради нешто можеш да блицнеш..Ама да вози по десна лента и да му блицаш исто у десна лента е без поента..Испаѓа дека си го исфорсирал да се тргне на лева лента за ти да продолжиш по десна..Ко што рекоја, си створил може и конфузија

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
...

И твојот потег е неандерталски. Зошто се лепиш зад некој со десет метри растојание со брзина 140кмч? Во тој момент ти се движиш со речиси 40метри во секунда. Времето за да перцепираш што се случува пред тебе е пола секунда = 20 метри. Да изреагираш две-три секунди 80-120 метри.

Иначе што ме изнервира. Некна во средата бев за Штип. Три пати закочив од 100-110 до 30-40 поради непресметливо престигање. Ако не закочев, ќе имаше сообраќајка. Два пати беше поради гастарбајтери со странски таблички што престигаат непресметливо и се курчат со “јаки“ коли.

Се враќам од Штип према Струмица, истата песна. Две ситуации со престигање шлепер и кочење и на шлеперите за да можат говедата да престигнаат. А шлеперите не возеа бавно околу 80кмч што на таа релација е одлично темпо за шлепер. И за крај, после Владевци пратам ситуација пред мене БМВ Х3ка престига камионче во кривина. Од другата страна доаѓа кола. Јас кочам зад мене предвремено затоа што некако инстинктино знаев дека ќе биде беља. Зад мене идиотите свират затоа што кочам и намалувам. Еден позади отпочна и маневар да ме престига мене и тој зад мене. Кога виде што се случува, испаничи и застана во левата лента.  И пред мене камионот се истранува колку што може удира во банкина десно и удира во џипот позади од лево. Застануваме, излегуваме, се јавувам на полиција да дојде, па почнаа да се пцујат, да се караат. Јас ги прашувам дали има повредени, да се смират, овие ќе кренат се во воздух со дерење. На крај се осеќав како јас да сам крив за целата работа.

И на крај си се качив во кола, ја заобиколив бељата ги оставив и си го продолжив патот за Струмица. Е*ати дивиот народ.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14721
  • Пудингот на шоферството
Го напнавте чоекот оти му блендирал како операција на мал мозок да му направил на чоекот.Се знае дека кога ке ти бледни дека ке те помини.И Германија знаат да бленднат пред да те помини со 300.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Со таа разлика што не ти блендаат на 10метри растојание позади тебе...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14721
  • Пудингот на шоферството
Да тие од зад Карпатите ти блендаат.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Сепак, тој штипјанецот, требало ладнокрвно да си вози во својата лента(десна) без да прави глупи маневри.