Да да, прочитав, зошто ми стана ептен чудно движењето на авионот...
Класичен stall, ко од учебниците. Пилотот не може да искомпензира за поместената тежишна точка со командите нанапред, нападниот агол расте неконтролирано, авионот излегува од flight envelope и бам паѓа ко крушка.
ако не е натоварен до коска ( а нај често е) може да се извлече со максимален погон на моторите. а како се нај често товарени баш до даска не го спашава ништо.
Не може да се извлече со максимален погон на моторите, при stall ситуација моторите како да се загушуваат и ако не си на поголема висина у воздух, еби му мајката, паѓаш ко крушка, како што кажа филип. Згора на тоа боингов е огромен авион со не толку голема покретност и шансите за извлекување од таа ситуација се минимални. Од друга страна кај борбените авиони, поради добрата покретност, пилотите имаат поголеми можности да го извлечат авионот, односно да го доведат во положба каде што ќе може да ја користи снагата од моторите.
Друга работа што прметив на видеото е дека пилотот буквално стори се што можеше, бидејќи од безизлезна ситуација проба да го сврти авионот за да не тресне на земја ко крушка, но висината беше премала, а авионот немаше скоро никакво хоризонтално забрзување, па затоа не лизгаше кога падна, што верувам дека беше цел на пилотот, туку се укопа ко камен у земја. Се надевам дека за неколку години ќе го има случајов на air crash investigation на national geographic каналот, баш ме интересираат причините, односно chain of events, затоа што коа паѓа авион, никогаш не е поради една работа, туку поради повеќе причинско-последични врски.
Пардон за офтопик, ама се начна една моја омилена тема за која што имам аматерски познавања и сум лаик, но ми е премногу интересна за истражување и дознавање нови работи.