Девојка загина во сообраќајка во Прилеп
Евелина Блажеска (17) од Прилеп рано изутрината го загуби животот, а две лица се тешко повредени и се во животна опасност по тешката сообраќајна несреќа што се случи на улицата „Моша Пијаде“ во Прилеп
Како што информира Ѓоко Стресовски, портпарол на СВР Битола, до несреќата дошло изутрината околу 2:20 часот кога возачот на автомобилот „дачија логан“ со прилепски регистерски таблички управувано од 18-годишниот К.Н., од се уште неутврдени причини изагубил контрола на возилото кое преминало во другата коловозна лента, странично се превртело и силно удрило во елекричен бетонски столб. Возилото се одбило и удрило во паркиран автомобил „киа сефија“.
Блажеска која била совозач, од тешките телесни повреди починала на самото место на несреќата. Двајцата сопатници, 18-годишници, се веднаш пренесени во прилепската градска билница, но поради повредите се очекува да бидат префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.
Возачот кај кој со алкотест е утврдено големо количество алкохол во крвта,, поминал со полесни повреди.
Увид направија полиција, основен јавен обвинител и истражен судија кој наредил обдукција на телото за да се утврдат причините за смртта.