И јас сум ја крадел колата ко` копиљ, и „знаев да возам“ уште пред да почнам часови да земам. Ама она што го извежбав во тие 30 часови + 10 додатни приватно платени со инструктор, е прајслес. Сепак ТРЕБА НЕКОЈ да ти каже што е добро што не е добро. Што правиш правилно, а што треба да правиш правилно. Не викам дека не може да се научи и без инструктор, но ако е добар инструкторот (а треба да биде, јас еден семенив уште после првите 5-6 часа), има да ти останат некои работи доживотно врежани во глава и да ти прераснат брзо во навика.
Ако имале возачка, можеби некоја таква ситница врежана во глава, а кажана од инструктор, би им спасила некоја нога....